Чак Норис

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Чак Норис
Chuck Norris
Chuck Norris.jpg
Норис на примањето на наградата Ветеран на годината од страна на U.S. Air Force, 2001
Роден(а) Карлос Реј Норис
Сопружник Џина O'Кели (1998-сега)
Дајан Холечек (1958-1988)
Мреж. место http://www.chucknorris.com/

Карлос Реј “Чак” Норис (англиски: Carlos Ray "Chuck" Norris)(роден на 10 март 1940) е американски боречки глумец , боречка ѕвезда и телевизиски и филмски глумец кој е познат по боречките улоги како Кордел Вокер во Вокер, Тексаскиот Ренџер .

Биографија[уреди | уреди извор]

Норис е роден во Рајан , Оклахома , син на Вилма и Реј Норис , којшто работел како механичар , шофер на автобус , и камионџија . Дедо му на Норис од таткова страна ( имигрант) И баба му од мајчина страна биле по потекло Ирци додека баба му од таткова страна и дедо му од мајчина страна биле Чироки Американци староседелци . Тој има два помлади браќа , Вилен ( починат ) И Арон ( Холивудски продуцент ) . Кога Норис имал 16 години неговите родители се разведиле и тој заедно со мајка му и браќата се преселиле прво во Канзас , а потоа во Торенс , Калифорнија . Во детството бил неатлетски граден , срамежлив , и средно-образован . Другите деца му се подбивале поради измешаното етничко потекло а Норис сонувал да ги претепа своите “ мачители “ .Норис во својата автобиографија има спомнато дека татко му имал сериозен проблем со пиењето и „ не бил тука “ за него додека растел . Норис има признаено дека го сакал татко му , но дека не му се допаѓал . Како и да е , тој има изјавено дека чувствува сожалување за човекот бидејќи „поради тоа што е таков , има изгубено многу “ .

Во 1958 год , тој им се придружил на Военовоздушните сили како Воздухопловен полицаец и бил испратен во авионската база Осан , Јужна Кореа .Таму Норис го додал својот прекар Чак , И почнал со тренинг на Танг Су До , при што интересот го довел до црн појас . Кога се вратил во САД , продолжил со работа како воздухопловен полицаец во Калифорнија . Норис бил разрешен во 1962 година . Има работено за Northrop Corporation , и има отворено синџир на карате училишта што ги посетувале дури и синот на Чад мек Квин и Стив мек Квин .

Пат кон славата[уреди | уреди извор]

Норис беше поразен во неговите први два турнири , оставајќи да се разрешат Џо Левис и Ален Стин и три меча со Тони Тулинер на Меѓунардното првенство во карате . До 1967 год , Норис се подобрил доволно добро за да извојува победа над Левис , Скипер Мулинс , Арнолд Уркидес , Виктор Мур , Рон Марчини , и Стив Сандрес . Во почетокот на 1968 година , Норис ја претрпел својата десетта и последна загуба во својата кариера , од Луис Делгадо . На 24ти ноември 1968 год тој ја одмаздува својата загуба спрема Делгадо и со тоа победува на Професионалниот Шампионат во карате во полусредна категорија , држејќи ја титулата шест последователни години . Во 1969 , тој трократно ја освојува карате – круната за најборбена победа на годината И наградата за Борец на годината од списанието Black Belt .

Исто така , во 1969 год Норис дебитираше како глимец во филмот на Дин Мартин Спасувачката посада. Во 1970 год , неговиот помал брат Веиленд беше убиен во Виетнам . Подоцна ,Норис своите филмови Исчезнат во акција ги посвети меморијално на неговиот брат .На демонстрациите за боречки вештини во Лонг Бич , Норис го запознава познатиот боречки глумец Брус Ли . Во 1972 год тој глумеше одмазник на Брус Ли во филмот Патот на змејот што видно го издигна како ѕвезда . Во Азија , Норис е сѐ уште познат по оваа улога . Во 1974 год , Мек Квин го охрабри да започне со глума за Метро Голдвин Маер. Чак Норис се пензионира со карате резултат од 183-10-2 .

Првата главна улога на Норис му е доделена 1977 год , Breaker ! Breaker  ! И потоа во следните филмови Октагон( 1980) , Око за око (1981) ,и Осамениот волк Меккад . Во 1984 год , Норис ја имаше главната улога во Исчезнат во акција , првиот од низата на Затвореник од војната ги спасува фантазиите базирани на тема од Виетнамската војна , продуцирани од неговите роднини Израелци Менахем Голан И Јорам Глобус . Спротивно од репортажата , Норис јавно изјави дека улогата на сенсеи на Кобра Каи доџо во Карате дете никогаш не му била понудена .

Во наредните четири години , Норис стана најистакнатата ѕвезда на Канон , појавувајќи се во осум филмови , меѓу кои Кодот на молчењето, Делта моќ, во којшто глумеше со добитникот на наградата на американската Академија за филмски уметности , Луис Џосет . Многу од гореспоменатите филмови се продуцирани од брат му на Чак Норис , Арон , како и некои епизоди на Вокер , Тексашкиот Ренџер . Во 1986 год тој беше вмешан во продукцијата на цртанот Карате Командири на Руби Спирс . Се зборува дека Норис влезе во историјата кога во 1997год стана првиот вестернер во документираната историја на Таиквондо , што му е даден ранкот на 8мо степен црн појас . Како и да е , подоцна излезе дека Норис бил излажан бидејќи пред него, пред неколку години , имало уште најмалку двајца други американци наградени со црн појас .

Вокер , Тексашкиот ренџер[уреди | уреди извор]

Кон крајот на 1980 год , филмовите на Канон изгубиле од важност , а со тоа и нивната ѕвезда Норис . Тој ја репризираше улогата Делта моќ за МГМ , која што ја стекна Канон според писмата на 11 то поглавје банкрот . Пред да премине во телевизија Норис сакал да направи уште неколку значителни филмови . Во 1993та год тој започна со снимањето на сериите Вокер , Тексаскиот ренџер , што се даваше 8 години на ЦБС и подоцна продолжи на Халмарк каналот .

На 7ми октомври ,2005 год ЦБС премиерно го емитуваше Вокер , Тексаскиот ренџер како вечерен неделен филм , еднаш неделно . Продукцијата беше продолжение на серијата а не беше напишан да биде обединување со филмот . Норис ја повтори улогота на Кордел Вокер во филмот . Тој изјави дека идниот филм Вокер , Тексашкиот ренџер се очекува во неделните проекти , сепак ова беше нарушено од распоредот 2006-2007 та сезона на ЦБС да нема повеЌе филмови во неделните вечери .

Светска боречка лига[уреди | уреди извор]

Во 2005 год , Норис ја основаше Светската боречка лига , потполен контакт , натпреварување во боречки вештини базирано на тимови .Секој тим ( составен од 5 мажи и една жена ) е од различен регион или град , И лигата се стреми да се рашири во повеЌе градови од САД и да ги содржи и Европските и Азиските лиги .

Дел од Светската боречка лига е посветен за поддршка на добротворната Кикстар на Норис .

Приватен живот[уреди | уреди извор]

Во 1958 год , Норис се ожени со Дајан Холчек .Во 1963 год се родило нивното прво дете , Мајк . Во 1964 год , му се родила неговата ќерка Дина , со жена со која што не бил во брак . Потоа , во 1965год , му се родил вториот син , Ерик , со неговата сопруга . После 30 години во брак , во 1988 год , Норис и Холчек се разведија .

Во ноември , 1998 год , тој се ожени со поранешниот модел Џена о ‘ Кели , родена во 1963 год И помлада од Норис 23 години . О ‘ Кели имала две деца од претходниот брак . Во 2001 година таа роди близнаци . Дакота Алан Норис , момче и Даниел Кели Норис , девојче .

На 22 септември 2004 год , во емисијата Entertainment Tonight , Норис кажа дека неговата ќерка Дина е резултат на вонбрачна афера . Тој ја немал видено се до нејзината 26 година , иако таа дознала дека тој и е татко кога имала 16 години . Таа му испратила писмо во кое го информира за нивната поврзаност . Окако се сретнале , Норис изјавил дека веднаш знаел дека е негова .

Сега , добродушниот Христијанин , Норис е автор на повеќе книги со христијанска тематика , како Јавачи на правдата .Тој исто така има учевствувано и во неколку телевизиски реклами прмовирајќи ги библиските студии во јавните училишта , како дополнување на оретчувањето на употребата на дрога . Во 2006 год тој почна да пишува колумна за конзервативните вести на веб страната WorldNetDaily споделуваќи ги неговите размислувања за вербата , семејството , слободата , државата , лојалноста – дури и за кик-боксот . Во неговите колумни тој ја изразува својата верба во Библиското христијанство , дека тие што се грешни , треба да се свртат кон Исус , И вели дека “ вистинксите патриоти “ не се расправаат за политика и религија . Норис им служи на Управниот одбор на Националниот совет на Библискиот Курикулум на државните училишта , организација која го промовира користењето на Библијата во државните училишта и исто така зборува во име на организациите Што воведуваат службени молитви во државните училишта .

Норис има добиено кафеав појас за Бразилското Џиј-Џитсу од фамилијата Мачадо .

Политички погледи[уреди | уреди извор]

Норис е Републиканец , често ги застапува погледите на партијата . Од 1988 год , Норис има дадено повеќе од 32.000 $ за Републикански кандидати и организации .

Чак Норис го поддржува правото и власништвото на пиштол , но е против осудувањето на хомосексуалноста во државните училишта . Тој не верува во теоријата на еволуција , туку ја опишува со интелегентна креативност .

На 22ри октомври 2007 год , тој го објаувува својот индосман за Председател пред Арканзанскиот Гувернер Мајк Хукаб . Норис изјави „ Верувам дека едниствениот што ги има сите особини за во иднина да ја предводи Америка е поранешниот Говернер Мајк Хукаб “ .

На 10ти мај 2008 год , Норис беше почетниот говорник на Универзитетот Слобода упатувајќи го својот говор на повеЌе од 4.000 дипломирани .

После претседателските избори во 2008 год , Норис му напиша писмо на избраниот Претседател Барак Обама , дека тој треба да го поддржи Уставот , да ги штити правата на неродените , и да не ги следи преседентите на претходните Американски претседатели .

На 18ти ноември 2008 год Норис стана еден од првите членови од шоу бизнисот кој ја даде својата поддршка за Калифорнискиот предлог 8 за забрана на секс од ист пол И ја критукуваше гејската заедница за вмешување во демократскиот развој и двојниот стандард што тој го предвидел од критикување на црквата Морном , изоставувајќи ја критиката на обоените луѓе .

На 29ти март 2009 , Норис напиша колумна за WorldNetDaily во која ја искажува можноста Тексас да се оддели од САД и да си избере свој претседател .

Чун Кук До[уреди | уреди извор]

Норис ја основа боречката уметност Чун Кук До , што е базирана на Танг Кук До И вклучува елементи од сите боречки стилови што тој ги познава . Како многу други ументости , Чун Кук До вклучува и код на честа И правила според кои се игра . Овие правила се од законикот на Чак Норис :

1. Максимално ќе ги развијам своите можности на сите полиња .

2. ќе ги заборавам сите грешки од минатото и ќе се втурнам себеси во поголеми достигнувања .

3. Континуирано ќе ја развивам љубовта , среќата И лојалноста во моето семејство .

4. ќе го барам доброто во луѓето и ќе правам да се чувствуваат вредно .

5. Ако немам да кажам ништо добро за една личност , нема да кажам ништо .

6. Секогаш ке бидам одушевен за успехот на другите , како што сум за мојот .

7. Ќе се држам до ставот отвореност .

8. Ќе имам почит спрема авторитетите и секогаш ќе ја покажувам таа почит .

9. Секогаш ќе останам верен на Господ , државата , семејството и моите пријатели .

10. И понатака Ќе имам високо – ориентирани цели во животот , затоа што позитивниот став ми помага мене , на моето семејство И на мојата земја .

Борбено досие[уреди | уреди извор]

Неговиот рекорд , врз основа на турнирски мечеви се проценува на 183-10-2 , иако некои извори велат дека е 65-5 . Норис освои околу 30 или повеќе турнири , победувајќи просечно по пет противници од турнир . На Њујоршките турнири тој поразуваше по 12-13 противници од турнир .

1964 год : поразува непознат противник во Салт Лејк Сити турнирот ( почеток)

1964 год : поразува непознат противник во полу – финалето на Салт Лејк Сити турнирот

1964 год : е поразен од непознат противник во финалето на Салт Лејк Сити турнирот

1964 год : го поразува Рон Марчини за пола поен во финалето на Так Кубота турнирот во Лос Анџелес , Калифорнија

1965 год : е поразен од Тони Туленерс на Такијати Кубота турнирот во Лос Анџелес , Калифорнија

1965 год  : е поразен од Тони Туленерс

1965 год : е поразен од Тони Туленерс

1965 год : е поразен од Џо Левис

1965 год : го поразува Рон Марчини на Големиот Зимски Национален шампионат во Сан Хозе , Калифорнија

1966 год : го освојува Националниот Зимски Карате шампионат промовиран од Џим Матер , во Сан Хозе , Калифорнија

1966 год : го поразува Скипер Мулинс

1966 год : го поразува Џо Левис во финалето на ЊујорШкиот Шампионатски турнир

1966 год : го освојува Ол Стар Шампионатскиот турнир во Лос Анџелес , Калифорнија

1966 год : го поразува Скипер Мулинс

1967 год : го освојува американскиот Танг Су До Шампионат во Стогтон , Калифорнија

1967 год : поразува 11 противници во елиминациските мечеви на Сите Американски карате шампионати во Медисон Сквер Гарден во Њујорк

1967 год : го поразува ХироШИ Накамура ( Јапонец ) во полуфиналето на Сите Американски карате шампионати со поени 12 – 1

1967 год : го поразува Џо Левис за Големиот шампионат на Сите Американски карате шампионати во Њујорк

1967 год : ја освојува Светската карате титула во средна категорија , во Лонг Бич , Калифорнија

1967 год : го поразува Скипер Мулинс

1967 год : на 12ти август 1967 год поразува 11 противници во елиминациските мечеви на Големиот Меѓународен шампионат

1967 год : го поразува Карлос Бундо на Големиот Меѓународен шампионат на 12ти август

1967 год : го поразува Џо Левис за еден поен во Големиот Меѓународен шампионат на 12ти август

1967 год : ги освојува Сите Американски шампионати промовирани од Хенри Чо

1967 год : го освојува Националниот Танг Су До Турнир , во Силвер Спринг , Мариланд

1967 год : е поразен од Маркос Солат на Кини К. Ванг Турнирот

1967 год : го поразува Скипер Мулинс

1967 год : го поразува Скипер Мулинс

1967 год : го поразува Џо Левис

1967 год : го поразува Арнолд Уркидез

1967 год : го поразува Виктор Мур

1967 год : го поразува Стив Сандрес

1967 год : ги освојува Сите Американски Карате шампионати

1968 год : го поразува Фред Врен во ДалаШкиот Турнир ( Носот на Норис е скршен )

1968 год : го поразува Скипер Мулинс во полу – финалето на Далашкиот Турнир ( Норис се бори со скршен нос )

1968 год : е поразен од Џо Левис во финалето на Далашкиот Турнир ( Норис се бори со скршен нос)

1968 год : е поразен од Џим Бутин во отварачкиот меч на Турнирот во Силвер Спринг , Мериленд

1968 год : го поразува Скипер Мулинс во Лонг Бич , Калифорнија

1968 год : ги освојува Меѓународните ( Тексас , Далас)

1968 год : го поразува Луис Делгадо

1968 год : го поразува Теодор Вонг во Ориент , Њујорк

1968 год : го поразува Луис Делгадо на 24ти ноември со поени 101 спрема 93 за освојување на Светската Професионална титула во средна категорија во Валдорф Асторија , Њујорк ( Норис завршува со скршена вилица )

1968 год : ги освојвуа Сите Американски карате шампионати во Њујорк , победувајќи 13 противници

1968 год : го освојува Националниот Турнир на шампиони во Кливленд , Охајо

1969 год : ги освојува Меѓународните

1970 : ги освојува Сите Американски карате шампионати во Лонг Бич , Калифорнија

1970 год : на 17ти јануари поразува непознат противник во Спортската Арена во Лонг Бич за Американскиот шампионатски Тим . После мечот , Норис го објавува своето пензионирање .

Фактите за Чак Норис[уреди | уреди извор]

Кон крајот на 2005 год , Норис стана цел на интернет феноменот познат како “ Фактите за Чак Норис “ , што документира со измислени , најчесто апсурдни , херојски , јуначки дела и карактеристики за Норис . Феноменот започна со “ Создадените факти за Вин Дизел “ , а фактите за Чак Норис се појавија како придружен производ , најчсто користени се истите факти како и за Вин Дизел . Со време , фактите за Чак Норис станаа популарни , дури и попопуларни од оние на Вин Дизел . Норис има напишано на својата веб страна , свој одговор за ова пародија , дека не се чувствува навреден од нив и дека дури некои од нив се многу смешни .

На 29ти ноември 2007 год , Gothem Books, постариот дел на Penguin УСА , издаде книга насловена Вистината за Чак Норис : 400 факти за најголемиот светски човек , базирана на фактите за Чак Норис . Норис поднесе тужба против Penguin УСА , жалејќи се на повреда на заштитен знак , неправедно збогатување И приватни права .

Филмографија[уреди | уреди извор]

Зелената баретка (1968 ) со Чак Норис како боречки уметник

Спасувачката посада (1969 )

Патот на змејот( 1972)

Студентски професори (1973)

Колеж во Сан Франциско ( 1974 )

Во рамките на Војната (1976 ) документарец

Легендата Брус Ли ( 1977) документарец

Добрите момци носат црно ( 1978 )

Октагон (1980)

Око за око ( 1981)

Тивок бес ( 1982)

Принудена одмазда ( 1982)

Осамениот волк Меккад ( 1983 )

Исчезнат во акција ( 1984 )

Исчезнат во акција 2 Почетокот ( 1985) Кодот на молчењето ( 1985)

Инвазијата на САД ( 1985)

Делта моќ ( 1986)

Карате командири ( 1986) анимирано детско Шоу со Чак Норис , се појавува лично за да го подигне моралот во епизодата

Бредок , исчезнат во акција 3 ( 1988)

Хероите И теророт ( 1988)

Делта моЌ 2: Колумбиски врски ( 1990)

Платен убиец ( 1991 )

Висок авторитет ( 1995)

Шумски воин ( 1996)

Војната на Логан (1998) направен како ТВ филм

Човекот на претседателот ( 2000) Џошуа

Човекот на претседателот 2 : Линија во песокот ( 2002) Џошуа

Ѕвона на невиноста ( 2003 )

Натпреварување (2005)

Платеници 2 (2012)

Наводи[уреди | уреди извор]

Понатамошно читање[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Wikiquote-logo.svg
Викицитат има збирка цитати поврзани со: