Прејди на содржината

Чадор (расказ на Мопасан)

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Чадор“ (француски: Le Parapluie) — расказ на францускиот писател Ги де Мопасан, првпат објавен на 10 февруари 1884 година. Авторот му го посветил расказот на Камиј Удино.[1]

Содржина

[уреди | уреди извор]

Госпоѓата Ореј е многу скржава жена која не му дозволува на сопругот ниту најмали трошоци. Тој се срами до својот неугледен чадор, бидејќи им се служи за подбив на неговите колеги во министерството. Најпосле, тој успева да ја убеди жена си да му купи убав чадор, но кога се враќа дома утврдува дека чадорот е изгорен на неколку места. Госпоѓата Ореј не сака ниту да чуе за купување на друг чадор, туку жали за залудно потрошените пари. Затоа, таа оди во осигурителното друштво за да бара отштета за уништениот чадор. Директорот на друштвото е изненаден од нејзиното смешно барање, но таа е упорна, па тој е принуден да се согласи за покривање на трошоците за поправка на чадорот. Така, госпоѓата Ореј влегува во една продавница и бара да ѝ го поправат чадорот со најквалитетни материјали, без оглед на цената.[2]

  1. „Кишобран“ во: Гиј де Мопасан, Изабране новеле (друга књига). Култура, Београд, 1950, стр. 157.
  2. „Кишобран“ во: Гиј де Мопасан, Изабране новеле (друга књига). Култура, Београд, 1950, стр. 157-168.