ЧПП

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

ЧПП е скратеница од изразот „Често поставувани прашања“, кои од своја страна се превод на англиската скратеница FAQ и нејзиното значење Frequently Asked Question(s), кој претставува список на најчестите прашања за некоја тема и концизни одговори на тие прашања. Оваа пракса главно се користи на семрежјето.

Првично, овој поим се однесувал исклучиво на списоците со прашања и одговори кои се сретнуваат на одредена тема. Денес истиот се користи и за:

  • еден единствен пар прашање/одговор
  • списоци на прашања и одговори кои не се поставуваат често
  • каков било документ кој објаснува одредена тема (упатство за употреба на апарат, анализа на текст, итн.)

Идејата за списоци со ЧПП е добро прифатена и денес има вакви списоци за сè, од физика, хемија, математика, до разни опскурни теми.


Погледајте и[уреди | уреди извор]


Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Сите долунаведени поврзници упатуваат на семрежни страници на англиски јазик.