Прејди на содржината

Цукарев мост

Координати: 40°13′24″N 21°18′18.6″E / 40.22333° СГШ; 21.305167° ИГД / 40.22333; 21.305167
Од Википедија — слободната енциклопедија
Цукарев мост
Γεφύρι Του Ζουπάνι
Координати40°13′24″N 21°18′18.6″E / 40.22333° СГШ; 21.305167° ИГД / 40.22333; 21.305167
ПреминуваПраморица
МестоРадовишта, Населичко, Егејска Македонија
Особености
Видлачен
Материјалкамен
Вкуп. должина40 м
Ширина3 м
Висина7 м
Најдолг распон12 м
Распони5
Историја
ЗавршенXIX век
Местоположба
Карта

Цукарев мост (грчки: Γεφύρι του Τσούκαρη) — камен мост во Населичко, Егејска Македонија.[1]

Мостот ја преминува реката Праморица и се наоѓа на 2 км од центарот на селото Радовишта. Го поврзува Цотил со напуштеното село Рокастро. По него минува земјен пат која сè уште е во употреба. Месноста се нарекува Палиомонастиро (Стар Манастир) и веројатно таму имало тврдина бидејќи мостот е изграден од бедемски камења.[1]

Изграден е со средства на Димитриос Цукарис од Радовишта кој имал занаетчиски дуќан во Цариград. Не е познато кога е направен, но првпат се споменува во 1890 година.[1]

Мостот има пет лакови, од кои два мали лака се покриени со растителност. Првиот лак имал вградена плоча со времеследот на градбата, но таа се срушила во 1955 година и е заменета со бетонска плоча. Вториот лак е најголем, со ширина од 12 м и висина од 7 м. Целиот мост е долг 40 м, а широк 3 м.[1]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „Το Γεφύρι του Τσούκαρη“. Πρόγραμμα Πίνδος. Посетено на 8 ноември 2019.