Црпи вода, Јано

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Црпи вода, Јано е мешано македонско оро, кое кореографски потекнува од Скопско.[1]

Ова е едноставно оро кое се игра со одмерени чекори. Играчите се во полукруг, со лицето свртени кон центарот на кругот. Ритамот е двочетвртински.

Ова оро е поврзано со народната песна:

Црпи вода, Јано, бегај дома,
Оздол иде, Јано, силен аскер,
Оздол иде, Јано, силен аскер,
Силен аскер, Јано, Демир-Тоска,
Напред врви, Јано, Мамуд паша,
А по него, Јано, гаваз-Шукри,
Ќе ти сакат, Јано, ладна вода,
А по вода, Јано, бело лице.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Михаило Димоски: Македонски народни ора, Наша Книга, Скопје, 1977, стр. 41-42