Црн член на Кју Клукс Клан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Црн член на Кју Клукс Клан (англиски: BlacKkKlansman) - американски филм од 2018 година, во режија на Спајк Ли. Главните улоги ги играат: Џон Дејвид Вашингтон, Адам Драјвер, Лаура Хариер, Тофер Грејс, Роберт Џон Бурк, Кен Гарито, Фредерик Велер, итн., а во филмот се појавува и Алек Болдвин. Филмот освоил четири награди, меѓу кои и две награди на Канскиот филмски фестивал (Главната награда на жирито и наградата на екуменското жири).[1]

Синпопсис[уреди | уреди извор]

Во 1970-тите, Рон Сталворт (го игра Вашингтон) се вработува како првиот црн полицаец во Колорадо Спрингс. Набргу, тој е испратен на тајна задача да го следи говорот на еден активист за правата на Афроамериканците, а таму ја запознава убавата Патрис (ја игра Хариер), која е претседателка на сојузот на црните студенти. Еден ден, Рон случајно го наоѓа телефонскиот број на локалната организација на Кју Клукс Кланот и одлучува да се уфрли во неа. Бидејќи тој е црн, Рон има генијален план: тој зборува со членовите на организацијата по телефон, а со нив се среќава неговиот колега (Евреин), полицаецот Флип (го игра Драјвер). Така, Рон успева да стане член на организацијата, па дури стапува во контакт и со нејзиниот водач, Дејвид Дјук (го игра Грејс). Кога Дјук пристигнува во градот за да ги покрсти членовите на организацијата, Рон е назначен да му биде личен телохранител, па дури и се фотографира со него. По завршувањето на покрстувањето, еден од членовите на организацијата го препознава Флип. Истовремено, неколку членови на групата планираат да активираат експлозив на собирот на активистите за правата на Афроамериканците, но поради присуството на полицијата, акцијата не успева, па жената која треба да го направи тоа го поставува експлозивот во автомобилот на Патрис. Тогаш, Рон се обидува да ја уапси жената, но него го апсат двајца полицајци, кои не знаат дека и тој е полицаец. Во мигот на експлозијата, тука поминува автомобилот во кој се наоѓаат неколку членови на организацијата, кои погинуваат. Набргу, пристигнува и Флип, кој го спасува Рон. По успешно извршената акција, Рон му се јавува на Дјук, откривајќи му го својот идентитет. Меѓутоа, шефот на полицијата наредува да се уништат сите докази за истрагата против Кју Клукс Кланот. На крајот од филмот, членовите на Кланот го извршуваат својот ритуал на палење на крстот.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]