Црн вргањ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Црн вргањ (Boletus aereus), таа е високо ценета и многу барана печурка за јадење во семејството вргањ. Печурката широко се консумира во Шпанија (Баскија и Навара), Франција, Италија, Грција и генерално низ Медитеранот. Опишана e во 1789 година од страна на францускиот миколог Пјер Билијар, таа е тесно поврзана со неколку други европски печурки, вклучувајќиː пролетен вргањ, (Boletus aestivis) боров вргањ (Boletus pinophilus) и популарниот вистински вргањ (Boletus еdulis). Некои видови во Северна Африка во минатото биле класифицирани како посебен вид, B.mamorensis, но се покажало дека е филогенетски специфичен за црн вргањ (B.aereus) и овој таксон сега се смета за синоним.

Печурка црн вргањ
Црн вргањ (Boletus aereus)

Печурката претежно расте во живеалишта со широколисни дрвја и грмушки, формирајќи симбиотички ектомикоризални асоцијации во кои подземните корени на овие растенија се обвиткани со обвивки од габично ткиво (хифи). Дабот плутар (Quercus suber) е клучен домаќин. Печурката произведува овошни тела кои носат спори над земјата во лето и во есен. Печурката има голема темнокафеава шапка, која може да достигне 30 сантиметри во дијаметар. Како и другите печурки, црниот вргањ има цевчиња што се протегаат надолу од долната страна на шапката, наместо жабри; спорите излегуваат со зрелост преку отворите на цевките, или порите. Порите на површината на телото се белузлави кога се млади, но стареат до зеленикаво-жолта боја. Дршката или стеблото е високо до 15 см и дебела 10 см и делумно е покриена со црвеникава (или цимет нијанса) мрежичка.

Таксономија и филогенија[уреди | уреди извор]

Францускиот миколог Пјер Билијар го опишал црниот вргањ (Boletus aereus) во 1789 година. Епитетот на видовите е латинската придавка aerěus, што значи „изработена со бронза или бакар“.[1] Неговиот сонародник Лисјен Келе го префрлил видот во сега веќе застарениот род диктиопод (Dictyopus) во 1886 година, што резултирало со синоним Dictyopus aereus, додека Рене Мер го преквалификувал како подвид на вргањот (B. edulis) во 1937 година. Во 1940 година, Мануел Кабрал де Резенде-Пинто ја објавил сортата црн вргањ (B.aereus) варијации скворозус од колекциите направени во Бразил, но овој таксон не се смета дека е таксономски различен.

Во делата објавени пред 1987 година, биномното име било напишано целосно како црн вргањ (Boletus aereus Fr)., бидејќи описот од Билијар бил санкциониран (т.е. третиран како конзервиран против претходните хомоними и конкурентни синоними) во 1821 година од страна на „таткото на микологијата“, шведскиот натуралист Елиас Магнус Фрис. Датумот на започнување на целата микота бил утврден со општ договор како 1 јануари 1821 година, датум на работата на Фрајс. Изданието на Меѓународниот кодекс на ботаничка номенклатура во 1987 година ги ревидирал правилата за датумот на започнување и примарната работа за имињата на печурките; имињата сега може да се сметаат за валидни уште од 1 мај 1753 година, па оттука и претходи на објавувањето на делото на Билијар.

Мароканските колекции под дабот плутар (Quercus suber) кои првично се сметале за црниот вргањ (Б.aereus), биле опишани како посебен вид - Boletus mamorensis - во 1978 година, врз основа на рапавата костенлива капа, или стеблото, со мрежеста мрежа често ограничена на горниот дел (врвот). Сепак, молекуларните филогенетски студии на Брин Дентингер и колегите во 2010 година, ги ставиле овие збирки многу близу до црниот вргањ (Б.aereus), сугерирајќи дека тие се поверојатно еколошка варијанта или фенотип, отколку посебен вид. Поновите филогенетски студии на М. Лоизидс и неговите колеги во 2019 година, потврдиле дека B.mamorensis е подоцнежен синоним на црниот вргањ (Б.aereus), бидејќи колекциите идентификувани како два таксони не можат да бидат генетски одделени и вгнездени во истата обвивка.

Американскиот миколог Хари Тирс го пријавил црниот вргањ (Boletus aereus) од Калифорнија во 1975 година; таксономска ревизија на западниот дел на Северна Америка на печурки во 2008 година официјално ги утврдил како посебен вид, пролетниот вргањ (Boletus regineus). Овие печурки се разликуваат од црниот вргањ (B.aereus) по желатинозни особини на шапката која по боја е бледо-сиво-жолта, кафеово-жолта или со боја на лешник. (пилеипелис), и припаѓаат на различни врсти на печурки.

Црниот вргањ (Boletus aereus) е класифициран во Boletus делот Boletus, заедно со блиските роднини како пролетен вргањ, летен вргањ и боров вргањ. Генетска студија на четирите европски видови открила дека црн вргањ била сестра на печурката летен вргањ. По обемното тестирање на светските таксони се открило дека печурката црн вргањ бил сестра на лозата што се разделила од летен вргањ и двете лози биле класифицирани како печурки од јужна Кина и Кореја / северна Кина. Молекуларната анализа сугерира дека црниот вргањ (B.aereus / mamorensis) и летниот вргањ (B.reticulatus) кинески B. "edulis" лозите се одвоиле пред околу 6-7.000.000 години.

Заеднички имиња[уреди | уреди извор]

Црн вргањ (Boletus aereus) илустриран во делото на Билијар, Печурки во Франција, во 1789 година

Билијар му го дал на црниот вргањ (Boletus aereus) вообичаеното име бронзена печурка (le bolet bronzé) во 1789 година, истакнувајќи дека во другите земји се нарекувал црн цеп (cep noir). Општо е познат како црна печурка (ontto beltza) на баскиски јазик, црно прасе (porcino nero) на италијански, и темен вргањ (Cèpe bronzé) на француски јазик. На грчки јазик е познат како кралскиот (vasilikό), или мал монах (kalogeraki). Англиското заедничко име е црн цеп, додека британското миколошко друштво го одобрило и името бронзена печурка.

Опис[уреди | уреди извор]

Капата е хемисферична до конвексна, достигнувајќи 15-30 сантиметри во дијаметар, иако има и примероци од сантиметри се пронајдени во некои случаи. Малку кадифена и лобусна или забиена, тоа е темнокафеава, сиво-кафеава, виолетова кафеава или виолетова кафеава боја, често со бакарни, златни или олијозни лепенки. Дршката е висока од 6 до 15 сантиметри и од 5-10 сантиметри широка обично е пократка од дијаметарот на капата, првично е во форма на буре, но постепено станува во форма на шипка и потоа се задебелува во основата. Како и кај другите печурки, на долната страна на капата има цевки а не жабри. Отворите на цевките - познати како пори - се мали и заоблени. Самите цевки првично се белузлави или сиво-бели кога се млади, тие полека стануваат жолтеникави или зеленикаво жолти во зрелоста. Густото месо е компактно, бело со сладок вкус и ароматичен мирис кој потсетува на лешници. Од сите вргањи, црниот вргањ најмалку го напаѓаат црвите.

Спорите се во облик на вретено и имаат димензии 10,5–19 со 4–7 μm. Пилеипелисот е триходермиум со проткаени септати хифи, со долги цилиндрични клетки.

Печурка Боров вргањ (Boletus pinophilus)
Боров вргањ (Boletus pinophilus)

Слични видови[уреди | уреди извор]

Печурка Пролетен вргањ (Boletus reticulatus)
Пролетен вргањ (Boletus reticulatus)

Пролетен вргањ (Boletus reticulatus) е многу сличен на црниот вргањ (B.aereus), исто така се јавува во текот на летните месеци под широколисни дрвја. Има побледa, често испуканa капа и обично побледа кожичка, покриена со посложена и поизразена белузлава мрежа, која често се протега до основата.

Боровиот вргањ (Boletus pinophilus) се јавува под четинари, претежно под ели (Pinus sylvestris), и има црвено-кафеава капа. Микроскопски, може да се оддели со повеќе надуени хифални краеви на пилеипелис, во форма на палка до вретено.

Печурка летен вргањ (Boletus edulis)
Летен вргањ (Boletus edulis)

Летниот вргањ (Boletus edulis) се јавува подоцна во сезоната за време на пониски температури, претежно под Смрча. Има полутопчеста капа и побледа боја со остра бела мрежа. Микроскопски, има желатинизирани хифални краеви во пилеипелисот.

Дистрибуција и живеалиште[уреди | уреди извор]

Во шума, Италија

Распределбата и изобилството на црниот вргањ (Boletus aereus) многу варира. Најден е главно во централна и јужна Европа, како и во северна Африка, овој вид е редок во пределите со поладна клима како што е Англија. Тој е класифициран како ранлив вид во Чешка и е ставен на привремениот Црвен список на загрозени видови на Црна Гора. И покрај тоа, габата може да биде локално изобилна; тоа е најчестиот вргањ во шумата на Регионалниот природен парк Мадони на северот на Сицилија. Црниот вргањ (Boletus aereus) е пријавен од неколку други островски екосистеми преку Медитеранот, како што се Корзика, Кипар, Лезбос, и Наксос.

Печурките најчесто се наоѓаат на топло време во лето и есен, растат во микоризална асоцијација со разни широколисни дрвја и склерофилни грмушки, особено даб (Quercus), бука (Fagus), костен (Castanea), дрво јагода (Arbutus), дрвенест врес (Erica) и рокроза (цистус), покажува предност на кисели почви. Вообичаени живеалишта покрај патишта и парковите. Особено дабот плутар е важен симбионит и распространувач на црниот вргањ (B.aereus) се усогласува со дрвото низ Европа и Северна Африка. Ектомикоризата на (B.aereus) детално е опишана во форми на вргањот со дрвото питом костен (Castanea sativa) и дабот благун (Quercus pubescens). Тие се карактеризираат со недостаток на хифални прстиња, плектенхиматозна мантија (изработена од паралелно ориентирани хифи со малку разгранување или преклопување) и ризоморфи со диференцирани хифи. Една теренска студија од четири вида вргањи во 2007 година открила мала корелација помеѓу изобилството на плодни тела и присуството на неговиот мицелиум под земјата, дури и кога земените примероци се од почва директно под печурката; студијата заклучила дека предизвикувачите што доведуваат до формирање на микоризи и производство на плодни тела се чини дека се покомплексни отколку што се сметало порано.

Во минатото печурката била пријавена во Кина. Сепак, неодамнешните молекуларни студии покажуваат дека азиските печурки припаѓаат на различни видови.

Јадење и кулинарска употреба[уреди | уреди извор]

Црн вргањ (Boletus aereus) претставен на поштенска марка во Молдавија од 2007 година

Кога се собира, обвивката на капата останува недопрена, а нечистотијата лесно се отстранува од површината. Порите остануваат освен ако не се стари и меки. Црниот вргањ (Boletus aereus) е особено погоден за сушење, процес кој го подобрува неговиот вкус и арома. Како и другите вргањи, печурките може да се исушат така што ќе бидат исечени и нанижани одделно на канап, а потоа ќе се обесат близу до таванот на кујната. Алтернативно, печурките може да се исчистат со чистење со четка (не се препорачува миење), а потоа да се стават во плетена корпа или бамбус. Откако ќе се исушат, тие се чуваат во херметички тегла. Тие лесно се обновуваат со натопување во топла, но не зовриена вода околу дваесет минути; водата е со арома на печурката и може да се користи како залиха во следното готвење. Кога се суви и мала количина од печурката може да го подобри вкусот на помалку вкусните јадења засновани на габи.

Нутрициона вредност[уреди | уреди извор]

Врз основа на анализите на примероците собрани во Португалија, има 367 килокалории на 100 грама вргањ (како сува тежина). Макрохранливиот состав од 100 грама исушен вргањ вклучува 17,9 грама протеини, 72,8 грама јаглени хидрати и 0,4 грама маснотии. По тежина, телато на свежата печурка е околу 92% вода. Доминантен шеќер е трехалозата (4,7 грама / 100 грама сува тежина; сите следни вредности ја претпоставуваат оваа маса), со помали количини на манитол (1,3 грама). Постојат 6 грама токофероли, од кои мнозинството е гама-токоферол (витамин Е) и 3,7 грама аскорбинска киселина .

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Eggli, U.; Newton, L.E. (2004). Etymological Dictionary of Succulent Plant Names. Springer Berlin Heidelberg. стр. 3. ISBN 978-3-540-00489-9. Посетено на 25 September 2018.