Црнолево
| Црнолево Cërnalevë | |
|---|---|
| Село | |
| Координати: 42°01′40″N 20°32′55″E / 42.02778°N 20.54861°E | |
| Држава | Албанија |
| Област | Кукуш |
| Општина | Кукуш |
| Општинска единица | Шиштавец |
| Надм. вис. | 940 м |
| Население (1989) | |
| • Вкупно | 620 |
| Час. појас | СЕВ |
| • Лето (ЛСВ) | СЕВ (UTC) |
| Пошт. бр. | 8517 |
| Повик. бр. | 024 |
| Рег. таб. | KU |
Црнолево или Црналево (албански: Cërnalevë) ― село во областа Гора, во Општина Кукуш на истоимената област, Албанија. Населението брои 620 жители (1989)[1], сочинето од Горанци.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа во областа Гора, во северните падини на планината Габрика, над левата страна на Рестеличка Река, на надморска височина од 940 м.
Историја
[уреди | уреди извор]Во 1900 година, Васил К’нчов го забележал Црнелево како македонско-муслиманско село во областа Гора со 50 куќи.[2][3]
По Втората балканска војна селото ѝ е доделено на Албанија. Според Стефан Младенов во 1916 г. Црнолево (Църнолѐво) било македонско село со 55 куќи.[2][4]
Во извештај на Сребрен Поп Петров, главен инспектор-организатор на бугарската црковно-училишна дејност во Албанија, во 1930 г. Црничево било село со 60 куќи на Македонци муслимани.[2][5]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ All places/communes: 1989, 2001, 2011, 2023 censuses (today's division) Архивирано на 14 април 2025 г. pop-stat.mashke.org
- 1 2 3 Како што е општопознато, Македонците во отоманскиот период од различни автори, но особено во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Кънчев, В. Го̀ра. С една карта, Трудове на Българското природоизпитателно дружество, София, 1900, с. 101.
- ↑ Младенов, Стефан. Пътешествие из Македония и Поморавия, в: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 184.
- ↑ Поверителен рапорт №54 на Сребрен Поппетров
| |||||||||||||||||||||||||
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||