Црногорска кујна

Од Википедија — слободната енциклопедија
Познати производи од Црна Гора:
Његушка пршута

Црногорска кујна е резултат на географската позиција на Црна Гора и нејзината долга историја.

Италијанското влијание на традиционалните јадења во континенталниот дел на Црна Гора и нејзиниот јадрански брег е видливо во начинот на припремање на лебот, месото, сирењето, виното и алкохолните пијалаци, супата и чорбите, палента, полнети пиперки, ќофтињата, приганиците, раштанот и итн.

Второ големо влијание потекнува од Левант и од Турција и се гледа во подготвување на сарми, мусака, пилав, пита, бурек, ќебапи, баклави, итн. Унгариските јадења гулаш, сатараш и ѓувеч се исто така многу чести. Влијанието на континентална Европа највеќе траги оставило на подготвување десерти: крофни, мармалади, бројни видови на бисквити и колачи.

Црногорската кујна зависи од географската положба, бидејќи јадењата која се служат на приморјето се разликуваат од јадењата во северните планински предели. На приморјето големо влијание има средоземната кујна, со вообичаените јадења од морски плодови (риби, октоподи, шкампи и лигни).

Од црногорските јадења позната е његушка пршута. Познати сорти на вино од Црна Гора се вранец (црно вино) и крстач (бело вино).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]