Црница (река)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Кањонот низ кој минува Црница, кај селото Забрега

Црницарека во централна Србија, десна притока на Голема Морава. Извира во Сисевачкиот басен на западната страна на планината Кучај. Минува низ Давидовачкиот речен слив и кањон од варовник и габро, а потоа продолжува низ Параќин и западно од него се влева во Голема Морава. Црница е долга 28 километри, а нејзиното сливно подрачје изнесува 300 км2. Нејзиниот среден проток изнесува 2,5 м3. Сливот на Црница годишно просечно добива 630 мм дождовница. Најголема притока на Црница е Грза, која исто така извира во атарот на Кучај и го сочинува левиот крак на Црница, со скоро иста јачина. Изворниот предел на Црница (врелото во Сисевац) е пошумен и населен. Варовничкиот кањон на оваа река е длабок и меандричен.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Литература[уреди | уреди извор]

  • Мала енциклопедија Просвета (3. изд.). Белград: Просвета. 1985. ISBN 978-86-07-00001-2. Отсутно или празно |title= (help)
  • Марковиќ, Јоан (1990). Енциклопедијски географски лексикон Југославије. Сараево: Свјетлост. ISBN 978-86-01-02651-3.

Наводи[уреди | уреди извор]