Црна топола

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Црна топола
Populus nigra-bekes.jpg
Црна топола во Бекеш, Унгарија
Научна класификација
Царство: Растенија
Нерангирано: Скриеносеменици
Нерангирано: Евдикоти
Нерангирано: Розиди
Ред: Малпигиовидни
Семејство: Врби
Род: Топола
Вид: Црна топола
Биномен назив
Populus nigra
L.

Црна топола (науч. Populus nigra) — вид топола од родот на тополите (Populus), по потекло од Европа и југозападна Азија. Ова е големо листопадно дрво кое достигнува височина од 30-40 м, а некои достигнуваат дури и 50 м. Листовите му се ромбични до триаголни со должина од 5 до 11 см, а по боја зелени на лицето и опачината; лисната основа е клинеста, а лисниот раб е назабен.[1]

Постојат две сорти, а некои ботаничари додаваат и трета:

  • Populus nigra сорта nigra. Јужна и централна Европа, како и југозападна Азија ако не ја разликуваме сортата afghanica. Листовите и фиданките се ќоси; кората е сивкасто-кафена, дебела и избраздена.
  • Populus nigra сорта betulifolia. Северозападна Европа (Франција, Англија). Жилите на лисјата и фиданките се фино-брановити; кората е сивкасто-кафена, дебела и избраздена.
  • Populus nigra сорта afghanica. Југозападна Азија; многу ботаничари ја сметаат за одгледана потсорта на сортата nigra; мазна кора, речиси бела; листовите и фиданките како кај сортата nigra.

Постојат и неколку одгледани потсорти, кои виреат од гранчиња:

  • 'Italica'. Вистинска ломбардска топола, одгледана во Ломбардија, северна Италија, во XVII век. Рате шилесто со мошне тесна крошна. Бидејќи по потекло е Средоземна, приспособена е на топли, суви лета, што значи дека на влажна клима расте слабо и брзо умира (заради неспремноста за габични болести. Машки клон.
  • Плантиереска група. Група клонови добиена со вкрстување на 'Italica' со P. nigra сорта betulifolia во Планиерескиот расадник близу Мец, Франција во 1884; слична на 'Italica', но со малку поширока крошна. Подобро приспособена на поладната и повлажна клима во северозападна Европа, каде италијанската сорта не вирее добро. Се одгледуваат и машки и женски клонови. Ова дрво најчесто го среќаваме на Британските Острови под називот „Lombardy Poplar“.
  • 'Gigantea'. Уште еден шилест клон, но од непознато потекло, со поширока и поразиграна коршна од италијанската. Женски клон.
  • 'Afghanica'. Сите примероци на afghanica доаѓаат од еден ист клон, и затоа многу ботаничари ја сметаат за одгледана потсорта, а не ботаничка сорта. Исто така шилеста, слична на 'Italica', но со приметлива бела кора; се разликува од 'Italica' и по тоа што е женски клон. Често се среќава во југозападна Азија и југоисточна Европа (на Балканот), каде била донесена во турско време. Позната и како 'Thevestina'.
Исечени црни (канадски) тополи во нас. Капиштец, Скопје

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Аврамовска, Јасмина (2010). „Тема 4. Автохтони и алохтони видови скриеносеменици (Аngyospermae)“. Дендрологија за II година шумарско-дрвопреработувачка струка : техничар за шумарство и пејзажна архитектура. Скопје: Министерство за образование и наука на РМ. стр. 119-120. ISBN 978-608-226-095-2.  Во македонските библиотеки. http://www.e-ucebnici.mon.gov.mk/pdf/149_Dentrologija_II_MAK_PRINT_WEB.pdf. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]