Црна мачка, бел мачор

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
„Црна мачка, бел мачор“
200п
DVD насловна
РежисерЕмир Кустурица
ПродуцентКарл Баумгартнер
Настапуваат
Музика
КинематографијаТиери Арбогаст
МонтажаСветолик-Мича Зајц
Дистрибутер
  • AFMD (Франција)
  • Arthaus Filmverleih (Германија)
  • Komuna (СФРЈ)
Премиера1 јуни 1998 (1998-06-01) (СФРЈ)
30 септември 1998 (1998-09-30) (Франција)
28 јануари 1999 (1999-01-28) (Германија)
Времетраење135 мин.
ДржаваСФРЈ
Франција
Германија
Јазик
Буџет$4.5 милиони[1]
Бруто заработка$351,447 (Северна Америка)[2]

Црна мачка, бел мачор (српски: Црна мачка, бели мачор; Црна мачка, бели мачор) — српска романтична комедија од 1998 година, во режија на Емир Кустурица . Филмот освоил сребрен лав за најдобра режија на филмскиот Фестивал во Венеција .

Филмските ликови зборуваат на ромски, српски и бугарски јазик.

Заплет[уреди | уреди извор]

Матко Дестанов, ситен ромски шверцер и профитер, живее со својот син-тинејџер Заре во куќа од трска, покрај реката Дунав, во источна Србија, близу бугарската граница. Тој има планови да украде цел воз шверцувано гориво. За да добие заем што би ја потпомогнал кражбата, тој го посетува Грга Питиќ, стар гангстер во инвалидска количка, кој е стар пријател на Зарије Дестанов, таткото на Матко и дедото на Заре. Матко ги споделува деталите за работата со ортакот по име Дадан, кој има харем, гранати и измами за коцкање. Како и да е, Дадан го измамува и го прекинува договорот со тоа што му дава на Матко пијалак со дрогира и ја извршува работата додека Матко е во несвест. Матко не е во состојба да го врати заемот, па Дадан склучува договор со кој би му го простил долгот доколку Заре се ожени со Афродита, сестрата-џуџе на Дадан. Како и да е, Заре е заљубен во Ида, келнерка која работи во установа управувана од нејзината баба-ромка Суја, а Афродита го чека човекот од своите соништа. Дадан ја присилува Афродита да се ожени заканувајќи и се дека ќе ја шутне во бунар, додека Заре најпрво дознава за договорот да се ожени од Ида, која ги слушнала Дадан и Матко како го испланирале во ресторанот каде што работи. Во меѓувреме, Заре го извлекува Зарије од болницата каде што се наоѓал, со помошта од еден ромски бенд.

Улоги[уреди | уреди извор]

  • Бајрам Северџан како Матко Дестанов
  • Срѓан Тодоровиќ како Дадан Карамболо
  • Бранка Катиќ како Ида
  • Флоријан Ајдини како Заре Дестанов
  • Љубица Аџовиќ како Сујка
  • Забит Мемедов како Зарије Дестанов
  • Сабри Сулејмани како Грга Питиќ
  • Јашар Дестани како Грга Велики
  • Салија Ибраимова како Афродита
  • Стојан Сотиров како бугарски царински службеник
  • Предраг Лаковиќ како свештеник
  • Мики Манојловиќ како Свештеник

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Kaufman, Anthony (9 September 1999). „INTERVIEW: Momentum and Emotion, Emir Kusturica's Black Cat, White Cat. Indiewire. Посетено на 23 December 2015.
  2. „Black Cat, White Cat (1999)“. Box Office Mojo. Посетено на 23 December 2015.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]