Црна дудинка (Лесново)
| Црна дудинка - Лесново | |
|---|---|
Црната дудина има прилегнато стебло | |
| Место | Лесново, Општина Пробиштип |
| Најблизок град | Пробиштип |
| Координати | 42°00′46.32″N 22°14′00.42″E / 42.0128667°N 22.2334500°E |
| Ознака | споменик на природата |
| Прогласено | |
![]() | |
Црна дудинка – Лесново — природна реткост единично стебло од црна дудинка (Morus nigra L) кое се наоѓа во Лесновскиот манастир, во селото Лесново, Општина Пробиштип.[1][2]Со природната реткост управува Општина Пробиштип, а во име на општината, градоначалникот на Општина Пробиштип.[1]
Во 1962 година, според Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата, стеблото од црна дудинка во дворното место на Лесновскиот манастир било прогласено за споменик на природата.[3]
Местоположба
[уреди | уреди извор]Дрвото се наоѓа на надморска височина од 876 м,[3] на почетокот на селото Лесново, во заградениот двор на Лесновскиот манастир „Св. Гаврил Лесновски“.[1][2]
Опис
[уреди | уреди извор]Денес, стеблото од дудинката поради својата старост е искривено и полегнато, но сè уште е здраво.[3]
Крошната на дрвото е широка, куполаста со пречник од 10 до 12 м. Самото дрво е високо 8 до 9 м. Поради големата старост, главното стебло е делумно шупливо во внатрешноста, со длабоко избраздена, темна и лушпеста кора. Бидејќи примарните скелетни гранки се масивни и тешки, тие се спуштаат ниско кон земјата. Во поново време, за да се спречи кршење, поставени се дрвени и метални потпори под најкритичните гранки.
Секоја година во почетокот на летото, дрвото сè уште раѓа сочни, темнопурпурни до црни плодови со интензивен слатко-кисел вкус.
Проценка на староста
[уреди | уреди извор]Официјални податоци за староста на ова дрво не постојат. Стеблото на црна дудинка се смета за најстаро стебло на дудина во Македонија.[4]
Според дендрохронолошките анализи дудинката е стара од 450 до 600 години,[3], а според некои преданија и повеќе од 600 години.[2]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 3 „Р Е Ш Е Н И Е ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЦРНА ДУДИНКА - ЛЕСНОВО ЗА ПРИРОДНА РЕТКОСТ“ (PDF). Службен весник на Македонија. 25 септември 2019. Посетено на 17 август 2026.
- 1 2 3 „"Црна дудинка – Лесново" прогласена за природна реткост“. Општина Пробиштип. 16 октомври 2019. Посетено на 17 август 2026.
- 1 2 3 4 „Црната дудинка од Лесново – помеѓу културата и природата“. Дома. 22 јули 2019. Посетено на 17 август 2026.
- ↑ „Извештај за состојба со заптитените подрачја во сливот на реката Брегалница“ (PDF). Деконс-Ема и Македонско екоколошко друштво. декември 2015. Посетено на 17 август 2026.
