Црквиште (Паликура)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Црквиште
археолошко наоѓалиште
Црквиште is located in Македонија
Црквиште
Местоположба на Црквиште во Македонија
Местоположба 41°32′13″N 21°58′32″E / 41.53694° N; 21.97556° E / 41.53694; 21.97556Координати: 41°32′13″N 21°58′32″E / 41.53694° N; 21.97556° E / 41.53694; 21.97556
Основни податоци
Име Црквиште
Место Паликура
Општина Росоман
Тип

Археомак 2.0 графички знак (базилика).svg базилика Археомак 2.0 графички знак (некропола).svg некропола

Период старохристијанско време
среден век
Портал „Археологија“

Црквиште или Паликурска Базиликаархеолошко наоѓалиште во кавадаречкото село Паликура. Наоѓалиштето претставува ксенодохион, старохристијанска базилика и средновековна некропола.

Опис[уреди | уреди извор]

Се наоѓа на 600 м северозападно од селото, на левиот брег на Црна Река, непосредно до мостот, а на 1,7 км јужно од Стоби. Базиликата е откриена со ископувањата во 1916 година. Во 1976 год, во рамките на заштитните ископувања извршени поради изградбата на железничката пруга Градско-Шивец, на 50 м североисточно од базиликата е откриен римски објект, во супструкција од некоклку редови ѕиданица, поставен во правец исток-запад. Пред западната фасада на објектот има правоаголен простор од 44.5 × 6,4 м поделен во предградни ѕидови на три простории. Крај источната страна на објектот се откриени три стопии, а се претпоставуа дека биле 9, што и припаѓале на колонада од трем. Стопите имаат квадратна основа (1 × 1 м) и се ѕидани од камен песочник во хоризонтален слог и малтер, исто како и ѕидовите на објектот. Се претпоставува дека откриените остатоци може да се сметаат како дел од архитектонски објект - ксенодохион. На местото од трасата на пругата се откриени и истражени 16 гроба, организирани околу еден сакрален објект од доцноантичкото време. Погребувањето било вршено во гробни дупки без конструкции и во гробови со примитивно поставени вертикални плочи од песочник. Се смета дека некрополата е настаната во XII век и имала семеен карактер. Меѓу гробните прилози (обетки, белезици од метал и стакло, прстени и др) има и елементи од крајот на XI век, како и од почетокот на XIII век.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 155, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069