Црквиште (Оризари)

Координати: 41°55′21″N 22°26′46″E / 41.92250° СГШ; 22.44611° ИГД / 41.92250; 22.44611
Од Википедија — слободната енциклопедија
Црквиште


Местоположба 41°55′21″N 22°26′46″E / 41.92250° СГШ; 22.44611° ИГД / 41.92250; 22.44611
Основни податоци
Место Оризари
Општина Кочани
Тип

 некропола


Период среден век
Портал „Археологија“

Црквиште или Крушарски Ридархеолошко наоѓалиште во кочанската населба Оризари. Претставува средновековна некропола. На северната страна на населбата, до куќата на Р. Каранфилова, источно од патот до нивата на Ј. Стојков и западно до дворот на А. Атанасов се откриени повеќе гробови градени од камени плочи. При проширувањето на тогаш селскиот пат, земјоделецот Р. Иванов открил редок средновековен наод - депо, што се чувал во Музејот на Македонија. На овој простор во 1959 година Народниот музеј во Штип извршил ископување со што се откриени повеќе гробови градени од камени плочи, со правец исток-запад. Во нив, покрај остатоци од скелетите, имало и многу бројни археолошки наоди, претежно женски накит. Наодите се чуваат во Музејот на Македонија.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. стр. 180, ISBN 9789989101069