Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Р'жаничино

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Coat of arms of the Macedonian Orthodox Church.png
Macedonian cross.svg
Успение на Пресвета Богородица
Uspenie na Presveta Bogorodica-Rzanicino.jpg

Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во селото Р'жаничино

Македонска православна црква
Епархија Скопска
Архијерејско намесништво Скопско
Местоположба
Населено место Р’жаничино
Општина Петровец
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Пресвета Богородица
Ктитор Пидо Чужуков
Архитектонски опис
Портал „МПЦ“

Црквата Успение на Пресвета Богородица е мала македонска православна христијанска црква која се наоѓа на врвот на мало возвишение веднаш источно над селото Р’жаничино. Црквата е возобновена од ктиторот Пидо Чужуков на местото на некогашна истоимена црква која била разрушена за време на турското владеење во Македонија. Веднаш до самата црква постои и голем крст кој е видлив и од автопатот Е-75. Во самата околина на црквата постојат и повеќе услужни објекти и гробишта. Црквата е посветена на успението на Пресвета Богородица, односно на празникот кој меѓу народот е познат како Голема Богородица (28 август).

Галерија[уреди | уреди извор]