Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Леуново
Света Богородица | |
Поглед на црквата и камбанаријата | |
| македонска православна црква | |
| Епархија | Тетовско-гостиварска |
| Архијерејско намесништво | Гостиварско |
| Парохија | Мавровска |
| Местоположба | |
|---|---|
| Место | Леуново |
| Општина | Маврово и Ростуше |
| Држава | Македонија |
| Општи податоци | |
| Покровител | Голема Богородица |
| Изградба | 1840 |
| Архитектонски опис | |
Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Леуново — православна црква во мавровското село Леуново, западна Македонија. Црквата е сместена на влезот на селото, покрај патот кој го обиколува Мавровското Езеро.
До црковната зграда во висина од 20 метри е камбанаријата, а самата црква е оградена со ѕид.
Историја
[уреди | уреди извор]Според одредени мислења црквата потекнува од пред XIV век[1], но точниот датум не се знае.
Во црквата постои Леуновско евангелие кое според водените знаци потекнува од 1537 година.
Сепак, за денешната црква се знае дека е изградена во 1840 година. На црквата работеле претставници на дебарскиот резбарски род Филиповци.
Жителите инвестирале многу во иконостасот и олтарот. Фреските и длаборезот се изработени од Леуновчани. Во Леуново уште од XIV век се јавиле првите зографи. Во поново време леуновчани се грижат и вложуваат труд и средства за одржување на храмот[2].
Најголемата прослава на црквата се одржува секоја година на денот на Успението на Богородица, која се слави и како селска слава на Леуново.[3]
Галерија
[уреди | уреди извор]- Целосен поглед на црквата од патот
- Поглед на црквата
- Камбанаријата на црквата
- Горниот дел на камбанаријата
- Стари гробови во рамките на дворот
- Поглед на камбанаријата
- Во црквата
- Поглед на црквата и камбанаријата
- Влезот на црквата
- Икона над влезот во црквата
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Црква Света Богородица, Леуново - Маврово“. Тема 1. Архивирано од изворникот на 2010-09-17. Посетено на 12 декември 2010.
- ↑ Чалоски, Томо. „Среде лето да се тресеш од студ!“. Вечер. Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 12 декември 2010.
- ↑ Костовска, Ана (28 август 2007). „Со вечерна Богослужба и црковно-народен собир мештаните од Леуново синоќа ги започнаа патроните чествувања во храмот подигнат во чест на Пресвета Богородица“. Кисс Тв. Посетено на 2010-12-12.[мртва врска]
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Леуново на Ризницата ?


