Прејди на содржината

Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Кравари

Координати: 40°59′33.1″N 21°22′59.2″E / 40.992528°N 21.383111°E / 40.992528; 21.383111
Од Википедија — слободната енциклопедија
Успение на Пресвета Богородица

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Преспанско-пелагониска
Архијерејско намесништво Битолско
Парохија Краварско-бачка
Местоположба

Карта

Координати 40°59′33.1″N 21°22′59.2″E / 40.992528°N 21.383111°E / 40.992528; 21.383111
Место Кравари
Општина Битола
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Богородица Марија
Завршено 1894
Архитектонски опис
Архит. тип базилика
Стил преродбенички

Успение на Пресвета Богородица — главна селска црква во битолското село Кравари, Македонија.[1]

Местоположба

[уреди | уреди извор]

Црквата се наоѓа во близина на археолошкото наоѓалиште Жеждево,[2] во непосредна близина на државниот пат А3, кој поминува низ селото Кравари.

Околу црквата се наоѓаат селските гробишта, со што таа е гробишен храм.[3]

Историја

[уреди | уреди извор]

Изградена е во 1894 година. Обновена е во 1917 и осветена во 1932 година. Била реконструирана во периодот 1991-2005.[3] Изградбата на храмот, како задужбина, ја финансирале Стево и Стојна од село Градешница кои живееле во САД.

Храмот бил уништен за време на Првата светска војна.[2]

Според кажувањето на старите краварци, пред изградбата на постојниот храм, на истото место имаало мало црквиче со икона на Света Богородица. Во него краварци палеле свеќи и ги изразувале своите верски чувства.

Архитектура

[уреди | уреди извор]

Претставува голема базилика со отворен ѕидат трем на запад и југ кој има повеќе последователни покриви. На северозапад има помошна градба со куловидна камбанарија на шест ката.

Забележително е тоа што црквата е подигната на тумба во месноста Старо Село, каде има остатоци од населба од неолитот, бакарното и бронзеното време.[4]

Околу црквата се забележуваат стари гробови.[2]

Фрескоживопис

[уреди | уреди извор]

Црквата поседува фрескоживопис, кој го добила со осветувањето во периодот 1931-1932 година.

Иконостас

[уреди | уреди извор]

Во периодот 1931-1932, храмот добил и иконостас.

Галерија

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. 2,0 2,1 2,2 Трифуноски, Јован (1998). Bitoljsko-Prilepska kotlina : antropogeografska proučavanja. Белград: Српска академија на науките и уметностите. стр. 183. ISBN 8670252678. OCLC 41961345.
  3. 3,0 3,1 „Кравари“. Мој Роден Крај. Архивирано од изворникот на 2018-07-30. Посетено на 30 јули 2018.
  4. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 34. ISBN 9989-649-28-6.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]