Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Даутбал
Изглед
| Успение на Пресвета Богородица | |
|---|---|
| Κοιμήσεως Θεοτόκου | |
![]() | |
| 40°43′40″N 22°54′59″E / 40.72778°N 22.91639°E | |
| Место | Даутбал, Солунско |
| Земја | Егејска Македонија, Грција |
| Вероисповед | Цариградска патријаршија |
| Архитектура | |
| Архит. тип | крстокуполен храм |
| Изградба | 1954 – 1974 |
| Управа | |
| Епархија | Неаполско-ставруполска |
Успение на Пресвета Богородица (грчки: Ι. Ν. Κοιμήσεως Θεοτόκου Ωραιοκάστρου) — црква во градот Даутбал, Солунско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Неаполско-ставруполската епархија на Цариградската патријаршија.[1]
Во 1945 г. на местото на црквата е изграден мал храм. Наскоро тој е урнат, па во 1954 г. е удрен камен-темелникот на денешната црква. Дваесет години подоцна, на 10 ноември 1974 г. црквата е осветена од митрополитот Дионисиј Неаполско-ставруполски. Претставува крстовиден храм со купола и камбанарија на фасадата. Внатрешноста е живописана.[1]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 „Ι. Ν. Κοιμήσεως Θεοτόκου Ωραιοκάστρου“. Ιερά Μητρόπολη Νεαπόλεως και Σταυρουπόλεως. Архивирано од изворникот на 2022-05-17. Посетено на 10 октомври 2016.
