Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Јановени
Изглед
| Успение на Пресвета Богородица | |
|---|---|
| Κοιμήσεως της Θεοτόκου | |
![]() | |
| 40°26′54″N 20°55′34″E / 40.44833°N 20.92611°E | |
| Место | Јановени, Костурско |
| Земја | Егејска Македонија, Грција |
| Вероисповед | Цариградска патријаршија |
| Архитектура | |
| Завршена | 1903 |
| Управа | |
| Архијерејско намесништво | Нестрамско |
| Епархија | Костурска |
Успение на Пресвета Богородица или Свети Никола Летен (грчки: Κοιμήσεως της Θεοτόκου) — црква во селото Јановени, Костурско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Костурската епархија на Цариградската патријаршија.
Опис
[уреди | уреди извор]Црквата е изградена врз постарата „Св. Никола“. Камениот натпис го дава датумот 18 септември 1903 г. — веројатно датумот на изградба.[1] Храмот е уникатен по двојната женска црква — кат за девојките и кат за мажените жени. Внатре има богато изрезбан и насликан иконостас и владички престол.[2] Двокатната камбанарија е изградена во 1903 г. од истите мајстори чие дело е камбанаријата на „Св. Матрона“ во Пилкати.[1] Во црквата има бакарно кандило на кое пишува „Василис Стефос го подарува на Свети Никола 1769. Село Калугер“.[1]
Галерија
[уреди | уреди извор]- „Јован Крстител“
- „Св. Петар и Павле“, 1827 г.
- Плаштеница Господова
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 3 „Γιαννοχώρι - Λιβαδοτόπι“. Ελλάδος Περιήγηση. Посетено на 23 декември 2015.
- ↑ „Μνημεία και Ιστορικοί Τόποι“. Δήμος Νεστορίου. Посетено на 23 декември 2015.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Јановени на Ризницата ?
