Црква „Сретение Господово“ - Солун
Сретение Господово | |
---|---|
Υπαπαντής | |
Поглед на црквата | |
40°37′53.79″N 22°57′6.70″E / 40.6316083° СГШ; 22.9518611° ИГД | |
Место | Солун |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Архитектура | |
Архит. тип | трикорабна базилика |
Завршена | 1841 |
Управа | |
Епархија | Солунска |
Сретение Господово (грчки: Ιερός Ναός της Υπαπαντής του Κυρίου) — црква во градот Солун, Егејска Македонија. Влегува во состав на Солунската епархија на Цариградската патријаршија.[1]
Црквата се наоѓа во градскиот центар, на раскрсницаа на улиците „Егнатија“ и „Агапинос“, спроти Сводот на Галериј и храмот „Пресв. Богородица Десна“. Во истото подрачје се наоѓал и Јоиловиот манастир, посветен на Богородица, кој на почетокот на XVI век станал метох на манастирот „Св. Анастасија Узорешителница“ на Халкидик. Во 1531 г. Јоиловиот манастир е урнат, но потоа обновен од игуменот „Св. Анастасија“ Теона, кој подоцна станал солунски епископ.[1]
Храмот „Сретение Господово“ е изграден во 1841 г. Градбата претставува трикорабна базилика со дрвен покрив, типична за своето време. Ѕидаријата на источниот ѕид и во долните делови на западниот и јужниот е декоративна со наизменични делкани камења и тули. на северната страна се вградени мермерни фрагменти од римски и византиски скулптури и дел од натпис од 1272 г., на кој е споменат византиски офицер. Внатре трите кораби се поделени со дрвени столбови. Дрвената галерија (женската црква) има потковичест облик и е не само на запад, туку делумно оди и во страничните кораби. Во храмот има вреден резбан инвентар од XIX век.[1]
Царските двери со претстава на Благовештението се од XVI век, дело на мајстор од Критската школа.[1] Иконата на Сретението Господово од 1888 г. е дело на Георгиос Атанасиу од Галачишката школа.[2] В 1843 - 1844 г. на црквата работеле претставници на Кулакиската школа. Димитриос Ламбу ги насликал Михаил Солунски (1843), претставен во архаична облека, и Свети Јован Претеча (1844).[3][4] Неколку икони од 1844 г. се дело на Константин Ламбу, а карактеристична е неговата икона на Христос Седржител, чие лице е во традицијата на Кулакиската школа, но наборите на облеката се во светогорската традиција.[5] Подоцна, во 1890-тите на храмот работел и друг кулакиски мајстор — Митакос Хаѕистаматис.[6]
Галерија
[уреди | уреди извор]-
„Сретение Господне“, Ѓорѓи Галачишки, 1888 г.
-
Влезот
-
Иконостасна табла
-
Иконостасна табла
-
Царска икона
-
Детаљ од иконостасот
-
Детаљ од иконостасот
-
Детаљ од иконостасот
-
„Сретение Господово“ од Стефанос Пандазис, 1845 г.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 „Υπαπαντή“. Thessaloniki 4 all. Архивирано од изворникот на 2022-07-28. Посетено на 5 јули 2016. Text "Your Thessaloniki" ignored (help)
- ↑ Δρακοπούλου, Ευγενία (2010). Έλληνες ζωγράφοι μετά την Άλωση (1450-1850), τόμος 3, Αβέρκιος - Ιωσήφ (Συμπληρώσεις-Διορθώσεις). Αθήνα: Ινστιτούτο Νεοελληνικών Ερευνών / Εθνικό Ίδρυμα Ερευνών. стр. 220. ISBN 978-960-7916-94-5. Архивирано од изворникот на 2021-10-29. Посетено на 2022-07-25.
- ↑ Ευγενίδου, Δέσποινα (1982). Μια „Συντεχνία“ αγιογράφων του 19ου αιώνα από την Κολακιά (PDF). Θεσσαλονίκη: Μακεδονικά, Τόμος ΚΒ (1982) 180-204. стр. 180. Посетено на 10 јуни 2014.
- ↑ Ευγενίδου, Δέσποινα (1982). Μια "Συντεχνία" αγιογράφων του 19ου αιώνα από την Κολακιά (PDF). Θεσσαλονίκη: Μακεδονικά, Τόμος ΚΒ (1982) 180-204. стр. 184. Посетено на 10 јуни 2014.
- ↑ Ευγενίδου, Δέσποινα (1982). Μια „Συντεχνία“ αγιογράφων του 19ου αιώνα από την Κολακιά (PDF). Θεσσαλονίκη: Μακεδονικά, Τόμος ΚΒ (1982) 180-204. стр. 180–181. Посетено на 10 јуни 2014.
- ↑ Ευγενίδου, Δέσποινα (1982). Μια „Συντεχνία“ αγιογράφων του 19ου αιώνα από την Κολακιά (PDF). Θεσσαλονίκη: Μακεδονικά, Τόμος ΚΒ (1982) 180-204. стр. 182. Посетено на 10 јуни 2014.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Црква „Сретение Господово“ - Солун на Ризницата ?