Прејди на содржината

Црква „Сретение Господово“ - Негуш

Координати: 40°37′37.9″N 22°3′54.9″E / 40.627194° СГШ; 22.065250° ИГД / 40.627194; 22.065250
Од Википедија — слободната енциклопедија
Сретение Господово
Υπαπαντή του Χριστού
Поглед на црквата од југ
Карта
40°37′37.9″N 22°3′54.9″E / 40.627194° СГШ; 22.065250° ИГД / 40.627194; 22.065250
МестоНегуш
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Архит. типеднокорабен храм
Завршена1894
Управа
Архијерејско намесништвоНегушко
ЕпархијаБерско-негушко-камбаниска

Сретение Господово (грчки: Ιερός Ναός Υπαπαντή του Χριστού) — црква во градот Негуш, Егејска Македонија. Влегува во состав на Берско-негушко-камбаниската епархија на Цариградската патријаршија.[1]

Црквата е сместена на левиот брег на Арапица во горниот дел на градот. Изградена е во 1894 г. со ктиторството на Димитриос Д. Лонгос.[2]

Камбанаријата на црквата

Според месното предание, пред османлиското освојување, на ова место имало мал манастир „Сретение Господово“ со мала црква и конаци. Олтарот во храмот е од антички столб со жлебови, што зборува за постоењето на постара црква и антички храм. Од истиот храм веројатно се и двете мермерни осонови од римско време, како и неколкуте мермерни барабани од столбови. На еден од нив, поставен во нартексот на црквата, има стар мелнички камен.[1]

Градбата претставува еднокорабен храм со сводест таван и мала женска црква. Направен е од месен камен, а јужниот ѕид има потпорни столбови. Северният влез е на седум скалила од теренот, а западният на пет.[1]

Внатре живопис има само во олтарниот простор — во конхата на апсидата е Пресвета Богородица Поширока од небесата, а во конхата на жртвеникот е Молитвата на Христос. Иконостасот е обичен и освен царските двери има уште еден влез лево. Трите икони на иконостасот и една на северниот ѕид се дело на мајсторот Митакос Хаѕистаматис од погрченото солунско село Кулакија. Иконите се сликани во Солун — оние на Христос и на Богородица се од 1890 г., а оние на Свети Јован Претеча и на Благовештението се изработени во 1891 г. Иконата на Сретението Господово е дело на негушкиот зограф Христодулос Матеу од 1885 г. Една помала икона е потпишана Димитар Е. од Самарина 20 март... (Δημητρίου Ε. εκ Σαμαρίνης στις 20 Μαρτίου...). Друга помала икона е опкована со сребро го носи со датумот на посребрување 1 април 1894 г. Многу од иконите се подарени од негушани.[3]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. 1,0 1,1 1,2 Κύρου, Νίκος, Ολυμπία Τσίτση (Επιμέλεια) (2005). Οι εκκλησίες της Νάουσας. Πρόγραμμα Περιβαλλοντικής Εκπαίδευσης Σχ. έτους 1999 – 2000 (PDF). Νάουσα: 3ο Γυμνάσιο Νάουσας. стр. 28. Архивирано од изворникот (PDF) на 2018-05-15.
  2. Σπάρτση, Νίκου (2008). „ΟΙΚΟΓΕΝΕΙΑ ΛΟΓΓΟΥ Παρουσία και δράση στα κοινά της Νάουσας (τέλος 19ου-αρχές 20ου αι)“ (PDF). Νιάουστα. 124: 8. Архивирано од изворникот (PDF) на 2018-05-15. Занемарен непознатиот параметар |month= (help)
  3. Κύρου, Νίκος, Ολυμπία Τσίτση (Επιμέλεια) (2005). Οι εκκλησίες της Νάουσας. Πρόγραμμα Περιβαλλοντικής Εκπαίδευσης Σχ. έτους 1999 – 2000 (PDF). Νάουσα: 3ο Γυμνάσιο Νάουσας. стр. 29. Архивирано од изворникот (PDF) на 2018-05-15.