Црква „Сретение Господово“ - Бер (XIV век)
Изглед
Сретение Господово | |
---|---|
Υπαπαντή | |
Поглед на црквата | |
40°31′14″N 22°12′11″E / 40.52056° СГШ; 22.20306° ИГД | |
Место | Бер |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Архитектура | |
Завршена | XIV век |
Управа | |
Архијерејско намесништво | Бер |
Епархија | Берско-негушко-камбаниска |
Сретение Господово (грчки: Υπαπαντή, Παναγούδα) — средновековна црква во градот Бер, Егејска Македонија. Влегува во состав на Берско-негушко-камбаниската епархија на Цариградската патријаршија.[1] Храмот е дел од парохијата на „Св. Сава“.[2]
Црквата е подигната во XIV век врз темелите на две претходни цркви, од кои постарата е трикорабна ранохристијанска базилика со нартекс. Внатре е зачуван живопис од XV век — Богородица Поширока од небесата, Благовештение, Свети Роман и Свети Симеон Столпник во олтарот. Во 1706 г. е живописан наосот во карактеристичен стил — на јужниот ѕид се Сретенито Господово, Благовештеението и Рождеството, на северната е Оплакувањето на Христа, а на западната се Христос во окови, Распетието и Успението.[1]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 „Υπαπαντή (Παναγούδα)“. Discover Veria. Посетено на 29 јули 2016.
- ↑ „Ενορίες“. Ιερά Μητρόπολη Βεροίας, Ναούσης και Καμπανίας. Посетено на 29 јули 2016.