Црква „Сите Светители“ - Лешани

Координати: 41°16′49″N 20°51′11″E / 41.28028° СГШ; 20.85306° ИГД / 41.28028; 20.85306
Од Википедија — слободната енциклопедија
Сите Светители
Си Свети

Поглед на новата црква

македонска православна црква
Епархија Дебарско-кичевска
Архијерејско намесништво Охридско
Парохија Белчишка
Местоположба

Карта

Координати 41°16′49″N 20°51′11″E / 41.28028° СГШ; 20.85306° ИГД / 41.28028; 20.85306
Место Лешани
Општина Дебрца
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител сите светци
Изградба 1452
Живопис 1452
Ктитор Никола Божикев
Зограф непознат
Архитектонски опис
Архит. тип еднокорабна црква

Сите Светители (позната како Сите Светци или попозната локално како Си Свети) — главна манастирска црква на Лешанскиот манастир, сместен во охридското село Лешани. Всушност се работи за две истоимени цркви подигнати во различно време посветени на Сите Светци.

Старата манастирска црква била изградена во 1452 година на темели на постара црква од IX век, додека новата поголема црква веднаш до нејзе е подигната во 1911 година на темели на црква XII век.[1]

Историја[уреди | уреди извор]

Стара црква[уреди | уреди извор]

Иако нема точен датум на изградбата на црквата, како почеток на изградба се зема годината од запис на плоча, која веќе ја нема во црквата, кој го запишал рускиот патописец Виктор Григорович, кој запишал дека црквата била започната да се гради во 1452 година.[1]

Ктитор на црквата бил Никола Божикев во времето на охридскиот архиепископ Никодим I. Најновите археолошки истражување од Заводот и музеј во Охрид покажале дека црквата била изградена на темели на постара црква од IX век, а наоколу се најдени ѕидини од VI, XII и XIV век.[1]

Нова црква[уреди | уреди извор]

Поголемата истоимена црква изградена веднаш до неа на самата фасада постои запис дека е завршена во 1911 година, но се знае дека е градена на темели на црква од XII век. Била осветена во 1926 година од страна на српскиот владика Николај Велимировиќ, од кого во 1928 година бил осветен и новиот конак.

За време на бадниковата вечер во 2012 година, црквата била ограбена, при што од олтарот бил одземен резбан дрвен крст обвиен со сребро стар околу сто години.[2]

Градба[уреди | уреди извор]

Стара црква[уреди | уреди извор]

Таа е мала еднокорабна, ѕидана од кршен камен и бигор.[1]

Живопис[уреди | уреди извор]

Стара црква[уреди | уреди извор]

Во внатрешноста е сочуван скоро целиот живопис од кој посебно се издвојуваат претставите на Светите Тројца во сводот и тоа: „Приготвениот Престол“ - околу кој лебдат серафими и трони, „Старецот на деновите“, опкружен со серафими, ангели и тетраморфи, а над олтарниот простор е насликан Исус Христос од „Вознесението“.

Живописот, што го има изведено непознат автор, се издвојува со својот колоритет, што ретко се среќава. Некои фрагменти покажуваат дека црквата е живописана и од надворешната страна. Авторот на живописот влегува во редот на талентираните зографи.

Се верува дека е живописана во истата година, кога е и изградена.[1]

Нова црква[уреди | уреди извор]

Во новата поголема црква се наоѓа најголемата фреска во Македонија, на која е прикажано Христовото доаѓање, во чиј горен дел е соборот на сите светии, а долу се прикажани пеколот и смртните гревови. Воедно, ова е единствена црква во Македонија со голема фреска на Света Гора.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Казиовска, Соња (6 јуни 2015). „Луѓе бараат иљач од сите светии во манастирот над Лешани“. Дневник. Скопје: МПМ Македонија. Посетено на 15 септември 2016.[мртва врска]
  2. „Ограбена црква во охридско Лешани“. Сител. 8 јануари 2012. Посетено на 2012-01-08.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]