Црква „Св. 40 Маченици“ - Смилковци
Изглед
Свети 40 Маченици | |
Поглед кон црквата | |
| македонска православна црква | |
| Епархија | Скопска |
| Архијерејско намесништво | Северноскопско |
| Местоположба | |
|---|---|
| Место | Смилковци |
| Општина | Гази Баба |
| Држава | Македонија |
| Општи податоци | |
| Покровител | Свети 40 севастиски маченици |
| Осветување | 23 февруари 2013 |
| Архитектонски опис | |
Свети 40 Маченици во Севастеја — македонска православна црква на брегот на Смилковското Езеро на местото викано Кршиколе или Крст, до заобиколницата на Скопје , подигната во чест на петте млади момчиња што загинале во терористички акт во 2012 година. Црквата е подигната по иницијатива на месните заедници Стајковци, Смилковци, Црешево и Виниче со благослов на господин господин Стефан, Архиепископот Охридски и Македонски.[1]
Црквата во основата е 150 м2 со уреден парк од 6.000 м2, а околу црквата има камбанарија, голем крст, пет видиковци и пет бора во спомен на убиените. Проектот е изработен од градежната фирма Жикол. Темелите биле осветени на 23 февруари 2013 година.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Ќе се гради црква кај Смиљковското Езеро“. А1 on. 21 февруари 2013. Архивирано од изворникот на 2013-03-03. Посетено на 2013-02-21.
| Оваа статија црква во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |


