Прејди на содржината

Црква „Св. Троица“ - Пештани

Од Википедија — слободната енциклопедија
Света Троица

Поглед на црквата

македонска православна црква
ЕпархијаДебарско-кичевска
Архијерејско намесништвоОхридско
ПарохијаПештанска
Местоположба

Карта

Координати41°0′42.21″N 20°48′30.85″E / 41.0117250°N 20.8085694°E / 41.0117250; 20.8085694
МестоПештани
ОпштинаОхрид
ДржаваМакедонија
Општи податоци
ПокровителСвета Троица
Изградба1996
Завршено1997
Осветување4 август 1997
Живопис1998
Архитектонски опис

Света Троица — понова селска црква во охридското село Пештани.[1]

Местоположба

[уреди | уреди извор]

Црквата е сместена на самиот излез од селото Пештани, лево од патот што води за манастирот Свети Наум.[2]

Историја

[уреди | уреди извор]

Камен-темелник за изградба на црквата бил осветен и поставен на 1 август 1996 година. Истата била завршена веќе следната година и била осветена на 4 август 1997 година од страна на митрополитот Дебарско-кичевско г. Тимотеј.[3]

Архитектура

[уреди | уреди извор]

Целата црква е градена од обработен бигор, со осумстрана купола и полукружна апсида.[2]

Фрескоживопис

[уреди | уреди извор]

Внатрешноста на црквата е целосно насликана во 1998 година од страна на охридскиот уметник Драган Ристески.[2]

Иконостас

[уреди | уреди извор]

Црквата поседува иконостас.

Галерија

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 45. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. 1 2 3 „Wayback Machine“. web.archive.org. 2017-07-29. Архивирано од изворникот на 2017-07-29. Посетено на 2020-01-18.
  3. „Дебарско-кичевска епархија - Намесништва“. www.dke.org.mk. Посетено на 2020-01-18.[мртва врска]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]