Црква „Св. Троица“ - Грдовци
![]() ![]() Света Троица
| |
![]() Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Брегалничка |
Архијерејско намесништво | Кочанско |
Парохија | Грдовска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°52′55″N 22°24′57″E / 41.88194°N 22.41583°E |
Место | Грдовци |
Општина | Кочани |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Света Троица |
Изградба | 1932 или 1935 |
Осветување | 1970 |
Живопис | 1998/99 |
Архитектонски опис |
Света Троица — главна селска црква во кочанското село Грдовци, Македонија.[1]
Местоположба
[уреди | уреди извор]Црквата се наоѓа во средишниот дел на селото, во непосредна близина на основното училиште.
Историја
[уреди | уреди извор]Во 1935 година, во средишниот дел на селото, селаните започнале да ѕидаат црква, која ја подигнале до висината на кровот. По Втората светска војна, селаните собрале 7 тони ориз, кој планирале да го продадат и со тие пари да ја довршат црквата. Меѓутоа, кочанската власт им го одзела оризот.[2]
Според официјална страница на епархијата, изградбата на црквата започнала во 1932 година, а осветувањето било извршено во 1970 година од страна на митрополитот Злетовско-струмичко г. Наум.[3]
Архитектура
[уреди | уреди извор]Фрескоживопис
[уреди | уреди извор]Црквата добила фрескоживопис во 1998-99 година од страна на зограф Тони од кочанското село Оризари.[3]
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Поглед на црквата од игралиштето до нејзе
-
Црковниот двор
-
Камбанаријата
-
Апсидата
-
Помошниот објект
-
Куполата
-
Поглед на црквата
-
Натписна плоча
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ Трифуноски, Јован (1970). Кочанска котлина : сеоска насеља и становништво. Скопје: Универзитетска печатница. стр. 141. OCLC 16745284.
- ↑ 3,0 3,1 „Брегалничка епархија“. bregalnickaeparhija.org.mk. Посетено на 2024-10-20.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]Црква „Св. Троица“ - Грдовци на Ризницата ?