Црква „Св. Три Јерарси“ - Черпишта

Координати: 40°55′2.6″N 23°28′45.7″E / 40.917389° СГШ; 23.479361° ИГД / 40.917389; 23.479361
Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Три Јерарси
Τριῶν Ἱεραρχῶν
Поглед на црквата
Карта
40°55′2.6″N 23°28′45.7″E / 40.917389° СГШ; 23.479361° ИГД / 40.917389; 23.479361
МестоЧерпишта, Нигритско
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Архит. типпеткорабна базилика
Завршена1974
Управа
Архијерејско намесништвоНигритско
ЕпархијаСерско-нигритска

Свети Три Јерарси (грчки: Τριῶν Ἱεραρχῶν) — црква во селото Черпишта, Нигритско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Серско-нигритската епархија на Цариградската патријаршија. Има улога на парохиски храм.[1]

Камен-темелникот на црквата е поставен во 1974 г. од митрополитот Константин Серско-нигритски. Изградена е и украсена со средства на ктиторот Димитриос Анастасијадис, архонт на Вселенската патријаршија. Свечено е осветена на 6 мај 2001 г. од патријархот Вартоломеј I. Градбата претставува петкорабна базилика. Во април 2010 г. митрополитот Теолог Серско-нигритски ја прогласил за парохиски храм.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Ιερός Ναός Τριῶν Ἱεραρχῶν“. Ιερά Μητρόπολη Σερρών και Νιγρίτης. Посетено на 24 октомври 2019.