Црква „Св. Три Јерарси“ - Солун
| Свети Три Јерарси | |
|---|---|
| Τριών Ιεραρχών | |
![]() | |
| 40°35′50″N 22°57′49″E / 40.59722°N 22.96361°E | |
| Место | Солун |
| Земја | Егејска Македонија, Грција |
| Вероисповед | Цариградска патријаршија |
| Архитектура | |
| Архит. тип | крстокуполен храм |
| Изградба | 1973 – 1993 |
| Управа | |
| Епархија | Солунска |
Свети Три Јерарси (грчки: Τριών Ιεραρχών) — црква во градот Солун, Егејска Македонија. Влегува во состав на Солунската епархија на Цариградската патријаршија.[1][2]
Храмот се наоѓа на улица „Стромница“ бр. 59. Камен-темелникот е поставен во мај 1973 г. од митрополит Леонид Солунски, а изградбата траела 20 години. Во 1990 г. работите конечно завршиле, и на 17 октомври 1993 г. храмот е отворен од митрополитот Пантелејмон II Солунски.[2]
Градбата претставува крстокуполен храм во византиски стил, дело на архитектот Димитриос Христидис. Храмот наликува на катедралата „Св. Софија“ во Цариград, која има бројни куполи на покривот. Црквата е една од најголемите во Грција со површина од 1.200 м2 и висина од 29 м. Камбанаријата е висока 34 м. Женската црква зафаќа 450 м2, а само олтарот се протега на 113 м2. Црквата има подно греење и климатизација. Во неа се чува иконата на Трите Јарарси донесена од грчките доселеници од Понт, како и мошти на истите светители — Василиј Велики, Григориј Богослов и Јован Златоуст. Залепен за храма од север е параклисот на мајките на тројцата светци — Емилија, Нона и Антуса. Во внатрешнсота се параклисите „Св. Артемиј“ и „Св. Атанасиј Метеорски“, а во подрумот има духовен центар.[2]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Ἀγιοι Τρεις Ιεράρχαι“. Ιερά Μητρόπολη Θεσσαλονίκης. Архивирано од изворникот на 2022-07-24. Посетено на 21 октомври 2016.
- 1 2 3 Τερμεντζόγλου, Γεώργιος Κ (2013). Εγκαίνια νεότερων ναών της Θεσσαλονίκης (1912-2011) (PDF). Θεσσαλονίκη: Αριστοτέλειο Πανεπιστήμιο Θεσσαλονίκης, Θεολογική Σχολή, Τμήμα Ποιμαντικής και Κοινωνικής Θεολογίας. стр. 83.
