Црква „Св. Тома“ - Граиште
Свети Тома
| |
![]() Црквата и камбанаријата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Преспанско-пелагониска |
Архијерејско намесништво | Крушевско-демирхисарско |
Парохија | Слепчанска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°13′27.8″N 21°13′45.7″E / 41.224389° СГШ; 21.229361° ИГДКоординати: 41°13′27.8″N 21°13′45.7″E / 41.224389° СГШ; 21.229361° ИГД |
Место | Граиште |
Општина | Демир Хисар |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Апостол Тома |
Изградба | XV - XVI век 2002 (обновен) |
Архитектонски опис | |
Архит. тип | триконхален |
Св. Тома — црква во демирхисарското село Граиште, главен храм на Граиштанскиот манастир (наречен и Шути манастир). Му припаѓа на Крушевско-демирхисарското намесништво во Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ - ОА.
Манастирот и црквата се сместени југоисточно од Граиште и југозападно од Вардино.[1] Манастирот е граден во доцниот среден век, но уништен во XVIII век. Возобновен е во 2002 г. врз темелите на стариот храм.
Од натпис на фрагмент од службен минеј за месец септември од XVI век од манастирската библиотека дознаваме дека книжевникот Спиридон учел, живеел и творел во манастирот кон крајот на XVI и почетокот на XVII век.[2]
Црквата е релативно голема, триконхална, со нартекс и две куполи. Изѕидана е од кршен камен со малтер.[3] По нејзиниот облик се смета дека старата црква била меѓу најстарите манастирски цркви во Демирхисарско (Железник),[4] и познато е дела била градена е во XV - XVI век.[3] Царските двери од храмот се пренесени во црквата „Рождество на Пресв. Богородица“ во Бучин.[5]
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија (PDF). Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 25. ISBN 978-608-65143-2-7. Архивирано на 24 јануари 2014 г.
- ↑ „Граиште“. Мој Роден Крај. Посетено на 20 август 2018.
- ↑ 3,0 3,1 Димитров, Никола В (2017). Географија на населби - Општина Демир Хисар (PDF). Битола. стр. 18. ISBN 978-608-65616-4-2.
- ↑ „www.visitpelagonia.mk“. Архивирано од изворникот на 2011-05-20. Посетено на 2021-02-14.
- ↑ Палигора, Ристо (2013). Неколку царски двери од ХVІ и ХVІІ век во регионите на Пелагониjа и Преспа, вo: Прилози ХLІV 1-2, посветени на академик Цветан Грозданов по повод 50 години научноистражувачка деjност. Зборник на трудови од научниот собир одржан на 4 октомври 2012 година во Охрид. Скопje. стр. 146.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
Црква „Св. Тома“ - Граиште на Ризницата ?
- Цркви на Македонската православна црква
- Цркви во Преспанско-пелагониската епархија
- Цркви во Крушевско-демирхисарското архијерејско намесништво
- Слепчанска парохија
- Цркви во Општина Демир Хисар
- Граиште
- Храмови посветени на Свети Тома во Македонија
- Манастири во Крушевско-демирхисарското архијерејско намесништво