Црква „Св. Тодор“ - Долно Броди
| Свети Тодор | |
|---|---|
| Άγιοι Θεόδωροι | |
Поглед на црквата | |
![]() | |
| 41°16′35.6″N 23°45′2.5″E / 41.276556°N 23.750694°E | |
| Место | Долно Броди, Драмско |
| Земја | Егејска Македонија, Грција |
| Вероисповед | Цариградска патријаршија |
| Архитектура | |
| Културнонаследна категорија | споменик на културата |
| Архит. тип | трикорабна базилика |
| Завршена | 1835 |
| Управа | |
| Епархија | Зихненско-неврокопска |
„Свети Теодор Тирон и Теодор Стратилат и Свети Јован Богослов“ или Свети Тодор (грчки: Αγίων Θεοδώρων και Αγίου Ιωάννου του Θεολόγου) — црква во селото Долно Броди, Драмско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Зихненско-неврокопската епархија на Цариградската патријаршија.
Црквата е изградена во 1835 г. на ритче на северниот крај на селото, близу селските гробишта.[1] Претставува трикорабна базилика со женска црква и трем од западната и дел од јужната страна.[1][2] Има димензии од 18 × 11,80 м.[1] Годината на изградба е напишана на плоча вградена во југоисточниот агол, а на источниот ѕид има керамички натпис со истата година.[1] Внатрешноста има украсени тавани, исклучителен иконостас (но само во делот на средниот кораб) и шарено обоена ограда на женската црква.[1][3] Иконите во храмот датираат од 1839 и 1863 г.[1]
На почетокот на XX век црквата со целото село била под врховенството на Бугарската егзархија. Во извештај поднесен на митрополитот Иларион Неврокопски од 1909 г. се вели:
| „ | Црквата и училиштето се на високо место над селото. Црквата е убава градба, до која има камбанарија и часовник. Училиштето е полусрушено здание кое не е погодно.[4] | “ |
Во 1993 г. црквата е прогласена за споменик на културата.[5]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 3 4 5 6 „Ιστορία Πλεύνας-Πετρούσας. Η Παλαιά Εκκλησία Πλεύνας και άλλες 32 Μεταβυζαντινές Εκκλησίες στο Νομό Δράμας“. Τα Νέα της Πετρούσας. Посетено на 14 ноември 2014.
- ↑ „Άγιοι Θεόδωροι στην Κ. Βροντού“. Corect. Архивирано од изворникот на 2014-10-17. Посетено на 17 октомври 2014.
- ↑ „Βυζαντινά Μνημεία“. Δήμος Νευροκοπίου. Посетено на 14 ноември 2014.[мртва врска]
- ↑ Рапорт за положението и въвеждането на учебното дело през първото полугодие на 1908 - 1909 г. в Неврокопска каза – В: Извори за българската етнография, том 3: Етнография на Македония. Материали из архивното наследство. София: Македонски научен институт, Етнографски институт с музей, Академично издателство „Проф. Марин Дринов“. 1998. стр. 82.
- ↑ „ΥΑ ΥΠΠΟ/ΑΡΧ/Β1/Φ57/35903/749/2-12-1993 - ΦΕΚ 969/Β/31-12-1993“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2022-06-04. Посетено на 30 мај 2020.
