Прејди на содржината

Црква „Св. Теодор Тирон“ - Пиперово

Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Теодор Тирон

Поглед на црквата „Св. Теодор Тирон“ во селото Пиперово

македонска православна црква
ЕпархијаБрегалничка
Архијерејско намесништвоШтипско
ПарохијаОсма приградска
Местоположба

Карта

Координати41°34′31″N 22°16′12″E / 41.57528°N 22.27000°E / 41.57528; 22.27000
МестоПиперово
ОпштинаШтип
ДржаваМакедонија
Општи податоци
ПокровителТеодор Тирон
ИзградбаXIX век (обновена во 1912 г.)
Живопис1912
Архитектонски опис

Свети Теодор Тирон — главна селска црква во штипското село Пиперово, Македонија.

Денес, црквата е запуштена и се наоѓа во лоша состојба и распаѓање, а околу нејзе вегетацијата е целосно обрасната.[1]

Местоположба

[уреди | уреди извор]

Црквата се наоѓа во средишниот дел од селото. Околу црквата се наоѓаат и селските гробишта.

Во 2020 година била издадена „Процена на загрозеноста од елементарни непогоди кај православните верски храмови во општина Штип“ од страна на Центарот за управување на кризи и Универзитетот „Гоце Делчев“ во која се вели дека црквата врз основа на својата градба, местоположба и околина е загрозена од појава на пожари и силни ветрови.[1]

Историја

[уреди | уреди извор]

Црквата е изградена во XIX век, а не е познато од кого била осветена.[2]

Во 1912 година, црквата била обновена.[2]

Архитектура

[уреди | уреди извор]

Фрескоживопис

[уреди | уреди извор]

Во 1912 година била живописана од непознат автор.[2]

Икони и иконостас

[уреди | уреди извор]

Иконите заедно со иконостасот се стари од 1863 година, но нивниот автор исто така не е познат.[2]

Галерија

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. 1 2 Веселинов, Драган; Нацев, Трајче (2020). „Процена на загрозеноста од елементарни непогоди кај православните верски храмови во општина Штип“ (PDF). Универзитет „Гоце Делчев“. Посетено на 1 март 2025.
  2. 1 2 3 4 „Брегалничка епархија“. Брегалничка епархија. Посетено на 2025-03-01.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]