Црква „Св. Спиридон“ - Триандрија

Координати: 40°37′23″N 22°58′21″E / 40.62306° СГШ; 22.97250° ИГД / 40.62306; 22.97250
Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Спиридон
Αγίου Σπυρίδωνος
Карта
40°37′23″N 22°58′21″E / 40.62306° СГШ; 22.97250° ИГД / 40.62306; 22.97250
МестоТриандрија, Солун
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Архит. типпеткорабна базилика
Завршена1991
Управа
ЕпархијаСолунска

Свети Спиридон (Ιερός Ναός Αγίου Σπυρίδωνος) — црква во градот Солун, Егејска Македонија. Влегува во состав на Солунската епархија на Цариградската патријаршија.[1][2]

Храмот се наоѓа во центарот на населбата Триандрија. На ова место имало помала црква „Крштение Господово“, подигната од грчките доселеници од Мала Азија во 1922 г., кои со себе ги донеле инвентарот, иконите и моштите од своите цркви. Црквата била трикорабна базилика, осветена на 14 ноември 1948 г. од епископот Спиридон Апамејски. Меѓу донесените реликвии се икони на Свети Јован Крстител. Подоцна храмот е преименуван во „Св. Спиридон“ поради неговата чудотворна икона. Градбата настрадала во Солунскиот земјотрес од 1978 г.[1]

Во 1991 г. почнала изградба на денешниот храм во облик на петкорабна базилика со купола и површина од 1.080 м2. Камен-темелникот е поставен на 7 август 1991 г. за време на митрополитот Пантелејмон II Солунски. Внатре има четири параклиси — „Св. Јован Крстител“, „Св. Герасим Кефалониски“, „Св. Дионисиј Закинтски“ и „Св. Хрисостом Смирненски“. Надвор од храмот е големиот параклис „Св. Рафаил, Никола и Ирина“.[1]

Во храмот се чува икона на Богородица Тринодуса од Теодосиј Анагност, изработена во XIX век.[3]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 „Ιερός Ναός Αγίου Σπυρίδωνος“. Άγιοι και Εκκλησία. 10 декември 2011. Посетено на 21 август 2016.
  2. „Ιερός Ναός Αγίου Σπυρίδωνος και Αγίου Χρυσοστόμου Σμύρνης – Τριανδρία“. Ναοί του Αγίου Χρυσοστόμου Σμύρνης και των Μικρασιατών Μαρτύρων. 22 август 2012. Посетено на 21 август 2016.
  3. Δρακοπούλου, Ευγενία (2010). Έλληνες ζωγράφοι μετά την Άλωση (1450-1850), τόμος 3, Αβέρκιος - Ιωσήφ (Συμπληρώσεις-Διορθώσεις) (грчки). Αθήνα: Ινστιτούτο Νεοελληνικών Ερευνών / Εθνικό Ίδρυμα Ερευνών. стр. 304. ISBN 978-960-7916-94-5. Архивирано од изворникот на 2021-10-29. Занемарен непознатиот параметар |lang-hide= (help)