Црква „Св. Спас“ - Довезенце

Од Википедија — слободната енциклопедија
Coat of arms of the Macedonian Orthodox Church.png
Macedonian cross.svg
Свети Ѓорѓи
Iconostasis Doors Detail Annunciation Dovezentse Church end 19 century.jpg

„Благовештение“ од царските двери на црквата

македонска православна црква
Епархија Кумановско-осоговска
Архијерејско намесништво Кумановско-кратовско
Парохија Клечовска
Местоположба

Карта

Координати 42°06′25″N 21°54′45″E / 42.10694° СГШ; 21.91250° ИГД / 42.10694; 21.91250Координати: 42°06′25″N 21°54′45″E / 42.10694° СГШ; 21.91250° ИГД / 42.10694; 21.91250
Место Довезенце
Општина Куманово
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Вознесение Христово
Изградба XVI - XVII век
Архитектонски опис
Стил византиски

Св. Спас или Вознесение Христовоправославна црква во кумановското село Довезенце од доцниот среден век. Ѝ припаѓа на Кумановско-осоговската епархија на МПЦ - ОА. Прогласена е за значајно културно наследство на Македонија.[1]

Архитектонски опис[уреди | уреди извор]

Ова е гробишна црква, подигната на рид во XVIXVII век. Претставува двокорабен храм и се состои од правоаголен наос со апсидална ниша во северниот кораб, припрата во јужниот кораб со правоаголен облик во основата. Црквата е асиметрична по нејзините оски. Влезот од западната страна низ еднокрилна дрвена врата води право во северниот кораб. Од јужната страна, еднокрилна дрвена врата води во јужниот кораб. Според архитектурата, се смета дека јужниот кораб е постар. Помалиот јужен и поголемиот северен кораб се поврзани со четири отвора со лачни завршетоци во горниот дел, носени од три кврадратни камени столба. Во источниот дел на северниот кораб има апсида со ѓаконик и проскомидија.[2]

Црквата е изградена од делкан камен и варов малтер. За сводната конструкција и трите столба на аркадите са употребени камени блокови. Сводниот систем на северниот кораб и горното подрачје на северниот ѕид заедно со покривот во голем дел се оштетени. Подовите во корабите се изработени од убави камени плочки. Во централниот дел на наосот е направена украсна розета со округол облик, со седум светли и седум потемни трапезоидни камени плочки, а во средината има една округла плоча.[2]

Во северниот кораб, до самиот ѕид има камен столб со капител, релјефно обработен, а околу столбот има плитка плетеница. Другите два столба се наоѓаат во јужниот кораб и еден столб надвор пред самата црква.[2]

Живопис[уреди | уреди извор]

Живописот е фрагментарно зачуван. Во олтарниот простор има дел од стариот живопис, кој на другите ѕидови е малтерисан. Во апсидната конха е претставена Богородица Ширшаја во полн раст. Северно и јужно од неа е Благовештението со Архангел Гаврил и Богородица во медалјони. Под Богородица Ширшаја са претставени допојасни фигури на архијереите св. Василиј Велики и Јован Златоуст. Над Богородица Ширшаја фрагментарно е зачувана композицијата Вознесение Христово – Христос во медалјон. Во конхата на проскомидијта е претставен ѓаконот Стефан. На јужниот ѕид во олтарниот простор е светиот воин Прокопиј Кесариски во полн раст. Долниот дел на фреската е оштетен, а над него има фрагменти од двајца старозаветни пророци во медалјони.[2]

Икони од црквата[уреди | уреди извор]

Сите икони од црквата денес се сместени во Галеријата на икони во Куманово.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. УЗКН-Лого.PNG Културно добро бр. 250: „Црква Св. Спас“Национален информативен систем за културното наследство на УЗКН
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 „Црква Св. Спас“. Управа за заштита на културното наследство. Посетено на 10 април 2014.[мртва врска]