Црква „Св. Преображение“ - Припор
Изглед
Св. Преображение | |
Поглед на црквата „Св. Преображение“ во Теферич | |
| македонска православна црква | |
| Епархија | Скопска |
| Архијерејско намесништво | Јужноскопско |
| Местоположба | |
|---|---|
| Координати | 41°57′49.99″N 21°26′4.82″E / 41.9638861°N 21.4346722°E |
| Место | Припор, Скопје |
| Општина | Кисела Вода |
| Држава | Македонија |
| Општи податоци | |
| Покровител | Преображение Христово |
| Изградба | 2008 |
| Осветување | 9 октомври 2011 |
| Архитектонски опис | |
Свето Преображение — црква, која се наоѓа на месноста Теферич во скопската населба Припор во Општина Кисела Вода.[1]
Црквата е висока осум метри, а широка пет метри. Во близина на црквата изградена е камбанарија. Уреден е самиот двор на црквата, во кој се наоѓа и чешма.
Историја
[уреди | уреди извор]Изградбата започнала во 2008 година и комплетно била завршена во 2009 година. На 9 октомври 2011 година црквата била осветена од страна на архиепископот г.г. Стефан и на други свештени лица.[2]
Галерија
[уреди | уреди извор]- Страничен поглед на црквата со камбанаријата
- Страничен поглед на црквата со камбанаријата
- Фреска насликана над влезот на црквата
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ „Се освети црквата Св. Преображение" на Теферич“. Вечер. Скопје: Вечер Прес. 11 октомври 2011. Посетено на 12 април 2016.[мртва врска]
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Црква „Св. Преображение“ - Припор на Ризницата ?


