Црква „Св. Преображение“ - Даме Груев
Изглед
Преображение Христово | |
Поглед на црквата „Преображение Христово“ во населбата Даме Груев (во изградба) | |
| македонска православна црква | |
| Епархија | Скопска |
| Архијерејско намесништво | Северноскопско |
| Местоположба | |
|---|---|
| Координати | 42°01′05″N 21°21′19″E / 42.01806°N 21.35528°E |
| Место | Даме Груев (населба) |
| Општина | Ѓорче Петров |
| Држава | Македонија |
| Општи податоци | |
| Покровител | Исус Христос |
| Изградба | 5 декември 2015 |
| Архитектонски опис | |
Преображение Христово — црква во изградба во скопската населба Даме Груев во Општина Ѓорче Петров[1].
Се гради во близина на УЗ „Даме Груев“, десно од семафорите во населбата, односно до новата градинка „Пампурче“. Камен-темелникот бил удрен на 5 декември 2015 година, кога во темелите биле поставени три мермерни плочи на кои ги пишувало името што ќе го носи црквата, датумот на поставување на темелите и повелба од МПЦ во која биле напишани сите личности во чие време започнала изградбата. Црква во основа ќе има 380 квадратни метри и три куполи. Работите ги изведува „Жикол“ од Скопје, а изградбата била предвидена да трае 36 месеци.[2]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ ОСВЕТЕНИ ТЕМЕЛИТЕ НА „СВЕТО ПРЕОБРАЖЕНИЕ ХРИСТОВО“ ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ[мртва врска]
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Црква „Св. Преображение“ - Даме Груев на Ризницата ?


