Прејди на содржината

Црква „Св. Петка“ - Струга

Од Википедија — слободната енциклопедија
Света Петка

Поглед кон црквата од југ

македонска православна црква
ЕпархијаДебарско-кичевска
Архијерејско намесништвоСтрушко
ПарохијаПрва струшка
Местоположба

Карта

Координати41°10′41″N 20°40′21″E / 41.17806°N 20.67250°E / 41.17806; 20.67250
МестоСтруга
ОпштинаСтруга
ДржаваМакедонија
Општи податоци
ПокровителСвета Петка
Изградба1990 г.
Завршено1994 г.
Осветување1994 г.
Архитектонски опис

Свети Петкамакедонски православен храм која се наоѓа веднаш на самиот десен брег и страна на реката Црн Дрим, на северниот крај на градот Струга. Црквата е сместена спроти Општата болница во градот, на многу прометна сообраќајница.

Историја

[уреди | уреди извор]

На местото на денешната црква уште одамна постоело светилиште на кое Стружани палеле свеќи, се молеле и го одбележувале празникот.

На 21 октомври 1990 година бил поставен камен-темелник, а во 1994 година завршила градбата и била осветена од страна на митрополитот Тимотеј.[1]

Црковниот имот зафаќал голема површина и се протегал меѓу Голем и Мал Дрим, па северно од неа сè до заобиколниот пат на Струга. Воедно, и денешната спортска сала се наоѓа на некогашниот црковен имот. До 1946 година, нејзиниот имот бил даван под наем и обработуван од сиромашни струшки семејства.[1]

Црквата била цел на кражба во текот на 2013 година, кога биле украдени бакарни шандани каде верниците палат свеќи и пари од верниците. Во грабежот немало одземени икони.[2]

Галерија

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. 1 2 „Светилишта во Струга“. Македонска нација. 27 август 2014. Посетено на 1 април 2016.
  2. „Ограбена црквата „Света Петка" во Струга“. Дневник. Скопје: МПМ Македонија. 18 јануари 2013. Посетено на 1 април 2016.[мртва врска]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]