Црква „Св. Петка“ - Лазарополе

Координати: 41°32′14″N 20°41′15″E / 41.53722° СГШ; 20.68750° ИГД / 41.53722; 20.68750
Од Википедија — слободната енциклопедија
Света Петка

Поглед на црквата „Св. Петка“ во Лазарополе

македонска православна црква
Епархија Дебарско-кичевска
Архијерејско намесништво Дебарско
Парохија Дебарско-реканска
Местоположба

Карта

Место Лазарополе
Општина Маврово и Ростуше
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Света Петка Трновска
Изградба 1908 година
Завршено 1908 година
Ктитор Јосиф Аврамов Куноски
Архитектонски опис

Црква „Св. Петка“ - Лазарополе — една од неколкуте цркви во мијачкото село Лазарополе. Се наоѓа во длабока шума во непосредна близина на селото, во правец на запад.

Црквата била изградена во 1908 година од страна на лазарополецот Јосиф Аврамов Куноски, а во текот на 2004 година била целосно обновена од страна на црковниот одбор на селото.

Пристап[уреди | уреди извор]

Црквата е пристапна со патека која почнува од самото село, продолжува кон месноста Крс, а потоа патеката започнува да се симнува кон Тресонечка Река. Патеката поминува низ падини, а подоцна навлегува во шума, каде што е сместена и самата црква. До црквата се наоѓа чешма, која постојано тече, без разлика на годишното време. Водата од чешмата се верува дека лекува заболувања од очите.[1]

Историја[уреди | уреди извор]

Црквата е изградена на 26 јули 1908 година од страна на Јосиф Аврамов Куноски, што може да се прочита од ктиторскиот натпис над влезот на црквата. Според раскажувања на жителите во селото, црквата е изградена откако го сонил сонот, во кој му се претскажало дека покрај лековитата вода треба да изгради црква.[1]

Црквата била целосно обновена во 2004 година. Била зајакната со ископување на помошни темели со нови тротоари, а добила и нов покрив. Во текот на обновата била обновена и самата чешма пред црквата.[1]

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 „Света Петка“. Блог за Лазарополе. Посетено на 16 декември 2015.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

41°32′14″N 20°41′15″E / 41.53722° СГШ; 20.68750° ИГД / 41.53722; 20.68750