Прејди на содржината

Црква „Св. Петка“ - Бешиште

Од Википедија — слободната енциклопедија
Света Петка

Поглед на црквата

македонска православна црква
ЕпархијаПреспанско-пелагониска
Архијерејско намесништвоПрилепско
ПарохијаПрилепечко-витолишка
Местоположба

Карта

Координати41°8′18″N 21°47′0″E / 41.13833°N 21.78333°E / 41.13833; 21.78333
МестоБешиште
ОпштинаПрилеп
ДржаваМакедонија
Општи податоци
ПокровителСвета Петка
ИзградбаXIX век
Живопис1884
Архитектонски опис
Архит. типтрикорабна базилика
Стилпреродбенички

Света Петка — главна селска црква во мариовското село Бешиште, Македонија.[1]

Местоположба

[уреди | уреди извор]

Црквата е сместена крај задружниот дом и поранешното училиште на сретселото.

Историја

[уреди | уреди извор]

Изградена е во средината на XIX век.[2]

Архитектура

[уреди | уреди извор]

Претставува трикорабна базилика со полукружна апсида на исток, која однадвор е расчленета на седум плитки ниши. Средишниот кораб е полукружно засводен, а страничните имаат рамни дрвени тавани.[2]

Фрескоживопис

[уреди | уреди извор]

Според ктиторскиот натпис, на кој се набројани многу ктитори, црквата е живописана во 1884 година[3] од мијачкиот зограф Аврам Дичов[4] или од зографи од неговата тајфа.[5]

Галерија

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. 1 2 „Црква „Света Петка", село Бешиште“. Old Prilep. Посетено на 2 јануари 2022.
  3. „Бешиште (Besiste) - Прилепско Мариово“. Итар Пејо. Архивирано од изворникот на 2014-03-03. Посетено на 3 март 2014.
  4. Василиев, Асен (1965). Български възрожденски майстори: живописци, резбари, строители. София: Наука и изкуствo. стр. 188.
  5. Митревски, Никола (2011). „Претставите на сесловенските првоучители Св. Кирил и Св. Методиј во живописот од XIX век во Пелагонија, Мариово и Демирхисарско“ (PDF). Патримониум.мк. 4 (9): 294.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]