Црква „Св. Петка“ - Бериславци

Координати: 41°5′55″N 22°15′56″E / 41.09861° СГШ; 22.26556° ИГД / 41.09861; 22.26556
Од Википедија — слободната енциклопедија
Света Петка
Αγίας Παρασκευής
Фреска на Злата Мегленска од 1862 г.
Карта
41°5′55″N 22°15′56″E / 41.09861° СГШ; 22.26556° ИГД / 41.09861; 22.26556
МестоБериславци, Мегленско
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Архит. типтрикорабна базилика
Стилпреродбенички
Изградба1850
Управа
Архијерејско намесништвоС’ботско
ЕпархијаВоденско-постолско-мегленска

Света Петка (грчки: Ναός Αγίας Παρασκευής) — преродбеничка црква во селото Бериславци, Мегленско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Воденско-постолско-мегленската епархија на Цариградската патријаршија.

Фреска во црквата

Црквата се наоѓа на јужниот крај на селото, во непосредна близина на гробиштата. Според преданието, изградена е во 1850 г. Претставува трикорабна базилика со полукружна апсида и затворен трем од југ и запад. Ѕидовите се дебели 0,60 м. Има два влеза — на западната и јужната страна на црквата. Покривот е покриен со камени плочи. Со дебели камени плочи е покриен и подот. Во западниот дел на црквата, над припратата има женска црква. Столбовите се округли, дрвени и малтерисани во багдадски стил. Таванот е дрвен и живописан, каков што е и иконостасот.[1]

Храмот е зографисан во 1862 г. На северниот ѕид се претставени Страстите Христови и светците. Во апсидата е Богородица Поширока од небесата меѓу Архангел Михаил и Архангел Гаврил. Под нив е годината 1862.[1] Меѓу фреските има и претстава на Света Злата Мегленска со натпис на македонски „Света Злата Мегленская“.[2]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Τοπική Κοινότητα Περίκλειας“. Δήμος Αλμωπίας. Посетено на 16 јуни 2014.
  2. „Η Περίκλεια“. Δήμος Εξαπλατάνου. Посетено на 16 јуни 2014.