Црква „Св. Петка“ - Баровица

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Света Петка
Αγίας Παρασκευής
Поглед на црквата
40°58′47″N 22°23′19″E / 40.97972° СГШ; 22.38861° ИГД / 40.97972; 22.38861Координати: 40°58′47″N 22°23′19″E / 40.97972° СГШ; 22.38861° ИГД / 40.97972; 22.38861
МестоБаровица, Ениџевардарско
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Културнонаследна категоријаспоменик на културата
Архитектонски типтрикорабна базилика
Завршена1830-ти
Управа
ЕпархијаГуменџиско-бојмичко-ругуновска

Света Петка (грчки: Αγίας Παρασκευής) — црква во селото Баровица, Ениџевардарско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Гуменџиско-бојмичко-ругуновската епархија на Цариградската патријаршија.[1][2]

Црквата е градена во 1830-тите. Претставува трикорабна базилика со внатрешни димензии од 10,6 × 18,1 м. Направена е од делкани камења. Од запад и југ има трем. На запад има низок нартекс и галерија во облик на буквата П. Корабите се поделени со шест пара колони. Апсидата е полукружна одвнатре и однадвор, а нишите на ѓаконикот и жртвеникот не излегуваат од источниот ѕид. Влезот на наосоте од југ, а пак западниот влез води во галеријата поради висинската разлика.[1]

Таваните се дрвени, со геометриски форми и обоени со силни бои. Предниците на аркадите во наосот се живописани со фрески на кои има сцени од животот на Христос. Забележителни Се дрвените елементи на внатрешноста — иконостасот, владичкиот престол и амвонот, насликани со цветни мотви. Повеќето икони на иконостасот се од 1837 г.[1] Во храмот има икони на зографот Христо Сакелариев од Петрово.[3]

Камбанаријата на јужниот влез на комплексот е подигната во 1886 г. според натпис на камена плоча.[1]

Во 1991 г. црквата е прогласена за споменик на културата.[1][4]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 „4. Ιερός ναός Αγίας Παρασκευής Καστανερής“. Ανάδειξη των Μεταβυζαντινών Μνημείων στην Μητροπολιτική Περιφέρεια Γουμενίσσης- Αξιουπόλεως - Πολυκάστρου μέ κέντρο τό Δήμο Ευρωπού. Посетено на 24 јуни 2014.
  2. „Καστανερή – Ιερός Ναός Αγ.Παρασκευής“. Enjoy Kilkis. Посетено на 14 март 2018.
  3. „Ταξιδεύοντας με τους ζωγράφους“ (PDF). Υπουργείο Πολιτισμού και Αθλητισμού. Εφορεία Αρχαιοτήτων Κιλκίς. Посетено на 23 јуни 2018.
  4. „ΥΑ ΥΠΠΟ/ΑΡΧ/Β1/Φ30/6463/127/11-3-1991 - ΦΕΚ 761/Β/20-9-1991“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Посетено на 22 октомври 2014.