Црква „Св. Петар и Павле“ - Србјани

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Coat of arms of the Macedonian Orthodox Church.png
Macedonian cross.svg
Свети Петар и Павле
Викиекспедиција во Копачка 361.jpg

Поглед на црквата

Македонска православна црква
Епархија Дебарско-кичевска
Архијерејско намесништво Кичевско
Парохија Четврта кичевска
Местоположба
Координати 41°29′03″N 20°57′08″E / 41.48417° СГШ; 20.95222° ИГД / 41.48417; 20.95222Координати: 41°29′03″N 20°57′08″E / 41.48417° СГШ; 20.95222° ИГД / 41.48417; 20.95222
Населено место Србјани
Општина Кичево
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Апостолите Петар и Павле
Архитектонски опис
Портал „МПЦ“

Свети Петар и Павле — главна селска и гробјанска црква во селото Србјани.[1]

Местоположба[уреди | уреди извор]

Се наоѓа во јужниот дел на селото, во подножјето на планината Цоцан. Околу нејзе се наоѓаат и селските гробишта.

Историја[уреди | уреди извор]

Црквата дури три пати е обновувана, но староста на нејзините темели не е утврдена.

Врз основа на турски попис од 1494, во Србјани живеел Поп Никола со синовите кој служел во црквата „Св. Петар и Павле“. Оваа црква била соборна и за околните села, а ја викале и „Голема Црква“. Празникот на Апостолите Петар и Павле бил ден за голема прослава.

Врз основа на овој документ во 1994 година се прославил јубилеј 500 години мисија на оваа црква. Се одржала света литургија во која чиноначалствувал Неговото блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Михаил во сослужение со митрополитот Дебарско–Кичевски г. Тимотеј и свештеници од епархијата. На свеченоста присуствувал и тогашниот претседател на Македонија, Киро Глигоров.

Инаку според преданието на постарите жители, црквата датира уште од времето на Св. Климент Охридски, односно од IX век. Последното обновување на црквата се случило во првата половина на ХХ век, а најголемиот дел од фрескоживописот е обновен дури после Втората светска војна.[2][3]

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 
  2. Водичарски крст од Кичевско Србјани од 1856 година
  3. „Дебарско-кичевска епархија“. web.archive.org. 2014-03-04. конс. 2019-01-29. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]