Црква „Св. Петар и Павле“ - Либаново
| Свети Петар и Павле | |
|---|---|
| Αγίων Αποστόλων Πέτρου και Πάυλου | |
Сцената „Благовештение“ на фреска од XV век | |
![]() | |
| 40°30′22″N 22°32′27″E / 40.50611°N 22.54083°E | |
| Место | Либаново, Берско |
| Земја | Егејска Македонија, Грција |
| Вероисповед | Цариградска патријаршија |
| Архитектура | |
| Завршена | XIV век |
| Управа | |
| Епархија | Китроско-катеринско-платамонска |
Свети Петар и Павле (грчки: Αγίων Αποστόλων Πέτρου και Πάυλου Αιγινίου) — доцносредновековна црква во селото Либаново, Берско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Китроско-катеринско-платамонската епархија на Цариградската патријаршија. Храмот датира од XIV век.[1]
Фрагментите од фреските се од 1485 г., дело на водечкото ателје на Костурската школа од тој период, меѓу чии дела се вбројуваат живописите во „Св. Никола Еврпаксиин“ во Костур (1485/86), во манастирската црква „Св. Преображение“ во Метеора (1483), дел од фреските во „Успение на Пресв. Богородица“ на манастирот Трескавец (1483/84) и во „Св. Никита“ во Горњанскиот манастир (1483/84), како и оние од урнатата црква „Св. Спиридон“ во Костур (крај на XV век).[2]
Во 1967 г. храмот е прогласен за заштитен споменик на културата.[3]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Η Θρησκευτική Κληρονομιά μας“. Polys Guest House. 26 октомври 2014. Архивирано од изворникот на 18 февруари 2015. Посетено на 26 октомври 2014.
- ↑ Кунева, Цвета. „Костур, църква „Св. Никола на монахинята Евпраксия"“. Пътища на балканските зографи. Посетено на 6 октомври 2020.
- ↑ „ΥΑ 4701/3-3-1967 - ΦΕΚ 183/Β/16-3-1967“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 28 ноември 2022. Посетено на 26 октомври 2014.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Црква „Св. Петар и Павле“ - Либаново на Ризницата ?
