Црква „Св. Петар и Павле“ - Зрзе

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Coat of arms of the Macedonian Orthodox Church.png
Macedonian cross.svg
Свети Петар и Павле
Црква „Св. Петар и Павле“ - Зрзе.jpg

Поглед на црквата

Македонска православна црква
Епархија Преспанско-пелагониска
Архијерејско намесништво Прилепско
Парохија Долненско-секиречка
Местоположба
Координати 41°31′17.3″N 21°20′29.7″E / 41.521472° СГШ; 21.341583° ИГД / 41.521472; 21.341583Координати: 41°31′17.3″N 21°20′29.7″E / 41.521472° СГШ; 21.341583° ИГД / 41.521472; 21.341583
Населено место Зрзе
Општина Долнени
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Петар и Павле
Завршено XVII век
Живопис XIX век
Архитектонски опис
Портал „МПЦ“

Свети Петар и Павле или Овчарска црквацрква којашто се наоѓа во Зрзескиот манастир.

Историја[уреди | уреди извор]

Црквата била изградена во XVII век, а била доградена во XIX век.[1]

Архитектура[уреди | уреди извор]

Градбата на црквата има правоагола основа со многуаголна апсида на источната страна. Нејзиниот западен дел во целост е споен со манастирскиот конак.

Фрескоживопис[уреди | уреди извор]

Внатрешноста на црквата била зографисана во XIX век и живописот е со послаб квалитет од оној во црквата „Св. Преорбажение“ изработен неколку века порано.[2] Од него се издвојува фреската на којашто е прикажан животот на овчарот во народна носија. Во врска со претставата на фреската постои легенда дека овчарчето храбро им се спротивставило на заканите од арнаутите кои во тоа време го пустошеле и унишувале просторот на манастирот, но притоа загинало и во негова чест црквата го добила името „Овчарска црква“.[1]

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Ќорнаков, Димитар (2009) (на македонски). Македонски манастири. Скопје: Матица македонска. стр. 157-165. ISBN 9989-48-558-5. 
  2. Манастир „Свето Преображение”, Зрзе — фрескоживопис“. OldPrilep. 7 декември 2011.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]