Црква „Св. Петар и Павле“ - Брњарци

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Coat of arms of the Macedonian Orthodox Church.png
Macedonian cross.svg
Свети Петар и Павле
Sv.Petar i Pavle-Brnjarci.JPG

Поглед на црквата

Македонска православна црква
Епархија Скопскa
Архијерејско намесништво Северноскопско
Местоположба
Координати 42°02′10.4″N 21°32′59.0″E / 42.036222° СГШ; 21.549722° ИГД / 42.036222; 21.549722Координати: 42°02′10.4″N 21°32′59.0″E / 42.036222° СГШ; 21.549722° ИГД / 42.036222; 21.549722
Населено место Брњарци
Општина Гази Баба
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Петар и Свети Павле
Изградба 1950, 1999-2002
Архитектонски опис
Портал „МПЦ“

Свети Петар и Павлемакедонски православен христијански црковен храм во скопското село Брњарци.[1] Сместена е веднаш над последните куќи над самото село и кога се оди од подалеку или се вози по обиколницата над селото се забележува и препознатливо доминира белата купола на селската црква. Според податоците напишани на информативната табла на сретселото, црквата била изградена во 1950 година на местото каде што дотогаш постоел камен крст[2]. Старата црква била мала и изградена од камен, поради што обновата, проширувањето и реновирањето започнале во 1999, а биле завршени во 2002 година. Црквата била реновирана од сопствени средства и други донации од жителите на селото и околните селски населби. Во тек е изработката на иконостасот и завршување на цртањето на фреските. По повод Петровден - патрониот празник кој е и селска слава на Брњарци, во дворот на црквата се одржува општ народен собор со културно-уметничка програма.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 
  2. Трифуноски Јован. „Сеоска насеља Скопске котлине - развитак села, порекло становништво и привредне одлике“. Петти дел. Скопје, 1964 год. стр.21