Црква „Св. Павле“ - Свети Павле (2013)
Свети Павле | |
---|---|
Αγίου Παύλου | |
![]() | |
40°38′16.1″N 22°57′42.4″E / 40.637806° СГШ; 22.961778° ИГДКоординати: 40°38′16.1″N 22°57′42.4″E / 40.637806° СГШ; 22.961778° ИГД | |
Место | Солун |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Архитектура | |
Архитектонски тип | крстокуполна, ротонда |
Изградба | 1981 – 1997 |
Управа | |
Епархија | Солунска |
Свети Павле (грчки: Αγίου Παύλου) — црква во градот Солун, Егејска Македонија. Влегува во состав на Солунската епархија на Цариградската патријаршија.[1][2]
Историја[уреди | уреди извор]
Храмот се наоѓа во населбата Кастра, близу Солунското добротворно друштво. Сместен е на рид јужно над истоименото маало Свети Павле со поглед на градот и Солунскиот Залив. Камен-темелникот е поставен на 8 јуни 1981 г. од митрополитот Пантелејмон II Солунски и отворена од истиот епископ на 2 ноември 1997 г. Изградена е на парцела со површина од 4.400 м2, пдоарена од Солунското добротворно друштво во 1980 г. До 1992 г. парохијата била со центар во друг храм, на околу 100 м северно од овој. Во 1988 г. општината сакала да го сруши, но тука се вмешал министерот за Македонија и Тракија Стељос, Папатемелис и со тоа е зачуван.[2]
Архитектура[уреди | уреди извор]
Градбата претставува крстокуполен храм кој преминува во ротонда, дело на архитектот Димитриос Христидис. Има трика ката поради наклонот на теренот, со вкупна висина од 38 м. Подрумот зафаќа 600 м2, а катовите зафаќат 1.200 м2. Идејата за трите ката е дело на инженерот Сотирис Кувелас. Во зградата има 6 училишни простории, 2 свечени сали и сала за неделно училиште.[2]
Во црквата се чуваат мошти од Апостол Павле, како и вредна икона на Богородица од непознат автор, датирана на 14 февруари 1881 г.[2]
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Άγιος Παύλος“. Ιερά Μητρόπολη Θεσσαλονίκης. Посетено на 22 октомври 2016.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 Τερμεντζόγλου, Γεώργιος Κ (2013). Εγκαίνια νεότερων ναών της Θεσσαλονίκης (1912-2011) (PDF). Θεσσαλονίκη: Αριστοτέλειο Πανεπιστήμιο Θεσσαλονίκης, Θεολογική Σχολή, Τμήμα Ποιμαντικής και Κοινωνικής Θεολογίας. стр. 88.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
Црква „Св. Павле“ - Свети Павле (2013) на Ризницата ?