Црква „Св. Павле“ - Свети Павле (1972)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Павле
Αγίου Παύλου
Поглед на црквата од запад
Карта
40°38′19.2″N 22°57′41.0″E / 40.638667° СГШ; 22.961389° ИГД / 40.638667; 22.961389Координати: 40°38′19.2″N 22°57′41.0″E / 40.638667° СГШ; 22.961389° ИГД / 40.638667; 22.961389
МестоСолун
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Архитект(и)Ксенофон Пеонидис
Завршена1972
Управа
ЕпархијаСолунска

Свети Павле (грчки: Αγίου Παύλου) — црква во градот Солун, Егејска Македонија. Влегува во состав на Солунската епархија на Цариградската патријаршија.[1]

Историја[уреди | уреди извор]

Фреска во храмот

Храмот се наоѓа во населбата Кастра, во јужниот крај на истоименото маало Свети Павле (Агиос Павлос), до Пашините градини и под булеварот „Охи“. Тамен-темелникот на храмот е поставен во 1919 г. по иницијатива на Солунското добротворно машко друштво и црквата е завршена во 1922 г. по проект на видниот архитект Ксенофон Пеонидис. Денешната црква е подигната во 1972 г. и зафаќа површина од 4.300 м2. Во црковниот двор има свет извор со мала пештера, во која според преданијата се криел Апостол Павле кога бил гонет од солунците.[1]

Во 1988 г. општината решила дека црквата треба да се сруши, но по интервенцијата на министерот за Македонија и Тракија, Стељос Папатемелис, таа е оставена. Храмот бил центар на парохијата сè до 1992 г. Истата година почнала изградбата на нов парохиски храм на стотина метри јужно.[2] Во 2013 г. старият храм и зелениот појас пред него се обновени. Црквата е одново живописана, а во олтарот се направени важни интервенции.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Τζήμου, Κύα (12 мај 2016). „Ένα καταπράσινο κτήμα με θέα πέντε λεπτά από το κέντρο“. Parallaxi Magazine. Посетено на 4 август 2019.
  2. Τερμεντζόγλου, Γεώργιος Κ (2013). Εγκαίνια νεότερων ναών της Θεσσαλονίκης (1912-2011) (PDF). Θεσσαλονίκη: Αριστοτέλειο Πανεπιστήμιο Θεσσαλονίκης, Θεολογική Σχολή, Τμήμα Ποιμαντικής και Κοινωνικής Θεολογίας. стр. 88.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]