Прејди на содржината

Црква „Св. Никола Транос“

Координати: 40°38′9″N 22°56′47″E / 40.63583° СГШ; 22.94639° ИГД / 40.63583; 22.94639
Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Никола Транос
Άγιος Νικόλαος ο Τρανός
Карта
40°38′9″N 22°56′47″E / 40.63583° СГШ; 22.94639° ИГД / 40.63583; 22.94639
МестоСолун
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Изградба1928 – 1935
Управа
ЕпархијаСолунска

Свети Никола Транос (грчки: Άγιος Νικόλαος ο Τρανός) — параклис во градот Солун, Егејска Македонија. Влегува во состав на Солунската епархија на Цариградската патријаршија.

Параклисот се наоѓа на Старата агора и претставува метох на манастирот „Св. Теодора“.[1][2][3][4]

На местото на денешната скромна црква до 1917 г. постоела величествена базилика, која била средиште на богатото грчко маало во градскиот центар.[1] Името Транос, т.е. Голем, е дадено за да се разликува од „Св. Никола Сирак“ (или „Свети Никола Мал“). Наречена е и Голема (Μεγάλος) и Благородна (Αρχοντικός).[2]

Историја

[уреди | уреди извор]

Во 1973 – 1977 г. околу сегашната црква се извршени ископувања во кои се пронајдени градби од римско време, веројатно поврзани со агората. Над нив подоцна е изградена ранохристијанска базилика.[2] Според преданието, на ова место подоцна имало византиски храм, но археолошките наоди не укажуваат на такво нешто. На натпис од 1110 г. се спомеунва црква „Св. Никола Палеофавас“ (Άγιος Νικόλαος Παλαιοφάβας), која може да се поврзе со „Никола Транос“. Имети „Св. Никола Голем“ (Άγιος Νικόλαος Μεγάλος) за првпат се споменува во документ од 1406 г.[1][2]

Според османлиски ферман од 1722 г., „Св. Никола Транос“ претрпел големи штети и жителите добиле дозвола за обнова. Новата црква била просторна базилика со дрвени столбови и веројатно портик од јужната страна. Во 1833 – 1834 г. е добиена уште една дозвола за обнова на црквата. Изгледа дека таа била целосно урната и одново изградена околу 1864 г.[1][2]

По пожарот од 1890 година, во кој е уништена крајбрежната митрополитска црква „Св. Димитриј“, седиштето на епархијата и моштите на Свети Григориј Палама се префрлени во „Св. Никола Транос“.[1][2]

Црквата изгорела во големиот Солунски пожар на 6 август 1917 г., но не наполно, како што се гледа од сликите по пожарот. Со преселбата на Грците од Мала Азија, урнатините на храмот служеле како привремено сместување за дојденците. Во 1928 г. остатоците се отстранети за да се изгради сегашниот храм.[1][2]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 Τερμεντζόγλου, Γεώργιος Κ (2013). Εγκαίνια νεότερων ναών της Θεσσαλονίκης (1912-2011) (PDF). Θεσσαλονίκη: Αριστοτέλειο Πανεπιστήμιο Θεσσαλονίκης, Θεολογική Σχολή, Τμήμα Ποιμαντικής και Κοινωνικής Θεολογίας. стр. 28.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 „Άγιος Νικόλαος ο Τρανός“. Ιερά Μητρόπολη Θεσσαλονίκης. Архивирано од изворникот на 2022-07-28. Посетено на 16 октомври 2016.
  3. „Ιερά Μονή Αγίας Θεοδώρας - Ιστορικό“. Ιερά Μητρόπολη Θεσσαλονίκης. Архивирано од изворникот на 2016-10-18. Посетено на 17 октомври 2016.
  4. „Ιερά Μητρόπολη Θεσσαλονίκης“. Εκκλησία της Ελλάδος. Архивирано од изворникот на 2008-09-15. Посетено на 17 октомври 2016.