Црква „Св. Никола“ - Шопско Рударе

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Coat of arms of the Macedonian Orthodox Church.png
Macedonian cross.svg
Црква Свети Никола
Црква „Св. Никола“ - Шопско Рударе.jpg

Поглед на новата црква „Св. Никола“

Македонска православна црква
Епархија Кумановско-осоговска
Архијерејско намесништво Кратовско
Местоположба
Населено место Шопско Рударе
Општина Кратово
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Никола
Изградба XVI век (стара црква)
1939 (нова црква)
Завршено XVI век (стара црква)
1943 (нова црква)
Архитектонски опис
Портал „МПЦ“

Црква „Св. Никола“ - Шопско Рударецрква во селото Шопско Рударе, во Општина Кратово. Црквата е сместена во Чергинското маало[1], едно од најстарите маала на селото, каде се наоѓаат двата објекти на црквата, стариот и новиот.

Старата црква се верува дека е изградена во текот на XVI век, додека новиот поголем објект на црквата е изграден во текот на XX век.

Оваа црква, односно нејзиниот стар дел, е особено позната по својот ѕидан иконостас, кој претставува складна архитектонско-сликарска симбиоза, граден по урнек на старонагоричкиот, како и на олтарната преграда на црквата „Св. Димитриј“ во селото Градешница.[1]

Објекти[уреди | уреди извор]

Стара црква[уреди | уреди извор]

Старата црква „Св. Никола“ има мали димензии и е еднокорабна.[1] И покрај тоа што стариот објект на црквата е под заштита на законот како споменик на културата, овој објект е оставен на забот на времето. Овој објект на црквата повеќе не се употребува.

Црквата со својот ѕидан иконостас и фреско-икони се вбројува помеѓу најважните средновековни објекти во Македонија и е позната помеѓу научните кругови. Нејзината ѕидарија се одликува со камени блокови во розови, окер, зелени и црвени нијанси што ѝ дава живописен изглед.[1]

Црквата скоро и да е непрепознатлива со својата надворешност, бидејќи е вкопана во земја. Има еднокорабна диспозиција со сводно решение под двоводен кров, карактеристично за сакралното градителство во времето на османлиската власт на Балканот.

Ѕидното сликарство, како и фреско-иконите, настанало во две фази. Помеѓу 1567 и 1568 година бил исликан ѕидниот иконостас и апсидалната ниша, а тој период се зема како и период кога е градена самата црква. Во 1581 година иконостасот добил царски двери.[1] Фрескоживописот бил завршен дури кон крајот на XVI век, односно првите години на XVII век од друга зографска група.

На самите царски двери на црквата биле изведувани нестручни поправки во текот на крајот на XIX и почетокот на XX век. Врз нив биле извршени стручни конзерваторски работи во текот на 2007 година, а дел од артефактите се пренесени во Музејот на градот Кратово, каде се чувани и означени како предмети со исклучителна важност.

Како препознатливи фрески на јужниот ѕид можат да се издвојат Деисисот со Богородица Царица, Христос Велики архиереј кој седи на необичен трон и Јован Претеча, во придружба на патронот на црквата мирликискиот архиереј Никола и уште двајца монаси. На спротивниот, северен ѕид сликани се свети воини, а во западниот дел од наосот две жени светителки, архангел Михаил и св. Константин и Елена со Чесниот крст, сè откриено под варов премаз за време на последните конзерваторски истражувања.[1]

Нова црква[уреди | уреди извор]

Новата црква „Св. Никола“, која е градена во периодот 1936-1943 има големи димензии, еднокуполна и во основа крстообразна.[1] Новиот објект на црквата, иако делува импозантно и препознатливо во целата поширока околина, е во шокантна состојба.

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 „И спомениците ги игнорираат, зарем не?!“. Утрински весник. Скопје: МПМ Македонија. Посетено на 9 септември 2015.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Координати: 42°04′22″N 22°00′58″E / 42.07278° N; 22.01611° E / 42.07278; 22.01611