Црква „Св. Никола“ - Трново
Свети Никола
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Кумановско-осоговска |
Архијерејско намесништво | Кривопаланечко |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 42°16′9″N 22°22′47″E / 42.26917° СГШ; 22.37972° ИГД |
Место | Трново |
Општина | Крива Паланка |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Никола |
Изградба | 1605 |
Архитектонски опис | |
Архит. тип | еднокорабна |
Свети Никола — главна селска и гробјанска црква во селото Трново, Кривопаланечко.[1]
Црквата претставува еднокорабна црква.[2] Околу нејзе се наоѓаат селските гробишта.
Историја
[уреди | уреди извор]Според ктиторскиот натпис, црквата е подигната и живописана во 1505 година, најмногу со залагање на попот Пејо и неговата сопруга Пројка.[2] Сепак, постојат некои истражувања во кои се вели дека црквата била подигната во 1605 година.[3]
Архитектура
[уреди | уреди извор]Црквата претставува еднокорабна градба со покрив на две води и со полукружна апсида на источната страна. Внатрешноста на црквата е обликувања со средиштен распоред, а горниот дел завршува со полуобликуван свод. Кон западната страна дограден е затворен трем со два влеза, на западната и на јужната страна. Воедно, на јужната страна се наоѓа и отворен трем.[3]
Живопис
[уреди | уреди извор]Врз основа на стилот на живописот се претпоставува дека е еден век понова. Од уништената група пустиножители зачуван е само ликот на Свети Јоаким Сарандапорски.[2]
Иконостас
[уреди | уреди извор]Во црквата се евидентирани седум икони.[3]
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Доградениот трем на црквата
-
Камбанаријата на црквата
-
Влезот во црквата
-
Јужниот влез на црквата
-
Помошен објект
-
Помошен објект пред црквата
-
Помошен објект пред црквата
-
Помошен објект
-
Апсидата на црквата
-
Селските гробишта
-
Поглед на црквата
-
Трпезаријата во црквата
-
Селските гробишта
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 41. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Свети Никола“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1331. Text "series " ignored (help)
- ↑ 3,0 3,1 3,2 „Црква Свети Никола во с.Трново“. Општина Крива Паланка. Посетено на 2019-08-07.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Црква „Св. Никола“ - Трново на Ризницата ?